Достапни линкови

Најмногу коментари за Фрчкоски и името и за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ


Протест пред Собранието против Законот за јазици и промена на името.
Протест пред Собранието против Законот за јазици и промена на името.

Неделното интервју со професор Фрчкоски, лидерската средба за прашањето за името и илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците, привлекоа најмногу коментари на социјалните мрежи.

Медијаторот во македонско-грчките преговори за името, Метју Нимиц денеска и утре ќе престојува во Атина, а потоа два дена во Скопје. За него средбата Заев – Ципрас во Давос е историска и позитивната клима помеѓу двете земји треба да се искористи за надминување на деценискиот спор. Од оваа страна на границата, во Скопје, универзитетскиот професор Фрчкоски, пак, во неделното интервју за РСЕ не го споделува мислењето на премиерот Заев по консултативната средба на државно-политичкиот врв за предлозите на Нимиц и не е оптимист дека во земјава ќе се создаде национален консензус за решението и дека за нешто такво сиот товар ќе го понесе актуелната политичка елита, зашто тоа било така секогаш и во секое општество.

И потоа, на нашата ФБ страница, порој негативни постови и ставови за него како личност и говор на омраза, што ние во овој преглед нема да ги реинтерпретираме. Од четириесетината коментари избираме само неколку што се во границите на пристојноста. На Ванчо Коде му се бендисува што „Фрчко тепачот е од партијата на власт и има свој став, различен од премиерот. Е таа е слободата на мислење“, вели, „што кај бившата власт ја немаше, сè беше едноумие на фамилијата“. Веселин Бос Фрчкоски го нарекува „морон“ и коментира: „Не се работи за комунално прашање во некоја општина“, па го цитира професорот: „политичката елита да била одговорна.... Идиотизам...“ Фахрудин Реана Лимановски со контра на негативните постови: „Абе овој е измислен за сите вас“.

А по изјавите на македонските лидери по консултативната средба, оние што го следат РСЕ најмногу маани им наоѓаат на новинарите кои не му поставиле ниту едно прашање на премиерот. Па Динка Јованова напишала: „Аре новинарчиња, не ви е срам? Какви Македонци сте? А можеби сте американски новинари?“ Па додава: „Тогаш газдите да ги прашаме? Ало, Ѕинго, те уценуваат?“

Во Скопје воздржаност за да не се наруши преговарачкиот процес
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое бараат истрага за тоа што своите амандмани за Законот за јазици наводно ги нашле во контејнер, Марлена Ајановска го сфаќа здраво за готово и постира: „Гнасните гниди комуњарски!“, а Угрин Никола се смее: „Хахах... истрага од Мурто?! Нема контрола ниту врз себе. Како владеевте, така паднавте, таква ќе биде и истрагата, никој не ве зема за озбилно, а кај народот немате никаков кредибилитет“. Садику Садик смета дека „Самите ги фрлиле“, а Денис Дени пишува: „Вие самите ги правите овие глупости, многу добро ве познаваме која бандитска партија сте“. Информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ поднеле 32.000 амандмани на Законот за јазиците го испровоцирала Агрон Алиу да постира: „Ајде уште малку амандмани и Вмро ќе почне албански да ги пишуваат само да се вратат на власт“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG