Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Алијанса за Албанците - Изборите поминаа добро, со помали неправилности

Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците
Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците

Шефот на изборниот штаб на Алијансата за Албанците, Елми Азири, изјави дека денешните избори поминале добро, со помали неправилности, што не го загрозиле изборниот процес. Додаде дека резултатите ја поставиле Алијансата за Албанците како втора политичка партија на Албанците во Македонија и во албанскиот политички блок.

Заев - Заврши ерата на локалните шерифи

Ерата на локални шерифи заврши, обврската ни е поголема, во Македонија ќе има живот за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, во обраќањето пред Владата, по одржувањето на локалните избори. Тој рече дека СДСМ победила на локалните избори уште во првиот круг во најмалку 38 општини.

СДСМ слави победа на локалните избори

СДСМ ја прослави изборната победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00

СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќе од 40 општини во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ оцени дека процесот бил недемократски, а Груевски вели дека има највисока одговорност за изборните резултати.

ДИК ќе ги објави првичните резултати од локалните избори

Државната изборна комисија денеска околу пладне се очекува да ги соопшти првичните резултати од вчерашното гласање за локалните избори. Досега ДИК има обработено 96,64 проценти од гласовите и според податоците објавени на нивната веб страницата, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини. Конечните резултати ќе бидат објавени кон средината на неделава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG