Во општина Тетово се гласа без проблеми
Сите 117 избирачки места во општина Тетово на кои можат да гласаат вкупно 82.798 гласачи се отворени навремено по што е започнато гласањето за лолакните избори. Според општинската изборна комисија сите избирчки одбори успеале точно во 7 часот да ги подготват изборните материјали. „До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале вкупно 4.003 гласачи што претставува 4,83 отсто од вкупниот број избирачи за нашиот реон“, информираше Артан Адеми, претседател на општинската изборна комисија Тетово.
ДИК: излезноста на локалните избори до 10 часот е 8,98 насто
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите на локалните избори на територијата на Македонија изнесувала 8,98 насто. Гласањето почна навреме и се одвива без поголеми проблеми.
Гласањето на локалните избори почна навреме и се одвива без проблеми. Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.
Денеска е изборен ден во Македонија и амбасадорот Бејли му се приклучи на персоналот на Амбасадата во набљудувањето на изборите. “Секој да излезе и да гласа за да не оставате други да решаваат за вашата иднина“