Во Куманово гласањето без проблеми
На територијата на најголемата локална самоуправа во Македонија - Куманово, точно во 7 часот без никакви пречки беа отворени сите 167 избирачки места. Право на глас имаат 92 илјади и 639 гласачи. Според претседателот на ОИК Ѕвонко Николовски гласањето за сега се одвива нормално и не се забележани нерегуларности.
Џабе бистриш политика во кафеана, ако не излезеш да гласаш
Телефонски линии за повреда на избирачкото право
Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од Локалните избори 2017, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права. Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во Канцеларијата во Скопје на 02 3129-327 и 02 3129-367, во Битола на 047 242-310, во Кичево на 045 228-586, во Куманово на 031 431-488, во Струмица на 034 329-996, во Тетово на 044 344-082 и во Штип на 032 389-701.
Точно во 7 часот беа отворени гласачките места низ земјата. Гласањето во првите два часа се одвива без проблеми. Досега нема информации за некакви проблеми при гласањето.