Достапни линкови

Чичаковски - Избирачкиот список е добра основа за кредибилни избори


Чичаковски - Избирачкиот список е добра основа за кредибилни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:44 0:00

Чичаковски - Избирачкиот список е добра основа за кредибилни избори

Добивме само триесеттина барања за запишување, промени или бришење во податоците на избирачкиот список. Самото тоа покажува дека сите актери вклучени во изборниот процес сметаат дека истиот претставува добра основа за спроведување фер и кредибилни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Чичаковски, дали според Вас е реална бројката од 1.8 милиони гласачи во држава во која живеат два милиони жители?

Државната изборна комисија со консензус донесе одлука за заклучување на избирачкиот список и сметам дека истиот претставува добра основа за спроведување на кредибилни и фер избори. Добар индикатор за ова е тоа што огромен број на граѓани за време на јавниот увид извршија проверка на нивните податоци, преку веб апликацијата која им беше достапна, како и преку подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, и од нивна страна беа доставени многу малку број на барања за запишување, промена или бришење на податоците во избирачкиот список. Исто така беше извршена контрола на состојбата во избирачкиот список од страна на избирачките партии. Индикативно е што добивме само триесеттина барања за запишување, промени или бришење во податоците на избирачкиот список. Самото тоа покажува дека сите актери вклучени во изборниот процес, сметаат дека истиот претставува добра основа за спроведување фер и кредибилни избори.

Сакам да истакнам дека степенот на точност на податоците во избирачкиот список, зависи од степенот на точност на податоците кои доаѓаат од релевантните институции. Најголеми забелешки, кои ги имаа одредени политички партии и граѓаните во однос на избирачкиот список, кој беше подготвуван за спроведување на предвремените парламентарни избори, се однесуваа во однос на точноста на податоците кои ги добивавме од релевантните институции. Во овој период ДИК е во интензивна соработка со сите релевантни институции во рамки на некои од нив беа спроведени управни постапки за да се адресираат дел од забелешките кои беа нотирани и од страна на Државната изборна комисија во извештајот кој го дадовме врз основа на спроведените вкрстени проверки, теренски и административни.

Но, експертите ве прозиваат дека не сте реагирале на време, не сте излегле со став дека сте до потпишале овој список и дека верувате дека сте го прочистиле?

Државната изборна комисија одлуката за заклучување на избирачкиот список ја донесе на јавна седница на која беа повикани сите медиуми, релевантните институции, акредитираните набљудувачи и истата е објавена на веб страната на ДИК, односно достапна е за сите граѓани. Има одредени забелешки, ги гледаме и ние од страна на одредени експерти, но јас лично сметам дека постојната состојба на избирачкиот список ја рефлектира правната рамка и степенот на точност на податоци кои ги добивме од релевантните институции. Значи применета е методологија која се користи години наназад. За да се смени системот, методологијата на водење на избирачкиот список, треба во една поширока дебата, преку вклученост на сите институции, да се дебатира, да се дискутира во однос на потребата за да се смени начинот на кој се води избирачкиот список. Во моментот овој избирачки список е во согласност со постојната правна рамка и согласно постојната методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список.

Од досегашното искуство, опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека дел од комисијата работи во интерес на партијата на власт, наведувајќи дека имало претседатели на општински изборни комисии кои се појавувале во првите редови на митинзите на СДСМ, како го коментирате тоа?

Изборот и именувањето на изборната администрација, без разлика дали станува збор за членови или во општинските изборни комисии се вршат врз основа на утврдена методологија и врз основа на податоци кои ги добиваме од надлежното министерство, Министерството за информатичко општество и администрација, Државната изборна комисија и за овие избори, ја имплементира оваа методологија и изврши избор на членовите на избирачките одбори, затоа што во меѓувреме им истече мандатот, меѓутоа вршеше и надополнување на членови на општински изборни комисии на кои по различна основа им престана мандатот.

Може да истакнам дека целосно беа испочитувани законските одредби во однос на овој дел. Доколку има одредени забелешки во однос на пристрасност на постапувањето, истите треба да бидат документирани и доставени до ДИК за да може соодветно да постапиме. До моментот не се пристигнати приговори и забелешки од ваков тип.

Целото интервју со претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG