Достапни линкови

Ваши коментари - за и против предложениот владин состав


Заедничка фотографија на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети.
Заедничка фотографија на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети.

Предлогот за идни министри, седницата за избор на новата влада, откажувањето на Беса да учествува во владата, привлекле најмногу коментари од фановите на РСЕ.

По информацијата дека претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери ја закажал седницата за избор на Влада за вторник, потпишан со Алекс Македонски веднаш коментирал: „Ајде сега да ги видиме лажните патриоти од ДПМНЕ дали ќе присуствуваат на седниците, нели Џафери не го признаваат, ајде да ги видиме глумците...“

А по нашата информација дека „Коалицијата на СДСМ ќе има 17 министри во новата Влада“, веднаш се јавиле и коментари на граѓани кои се негативно расположени спрема Заев и неговата партија. Па Драги Стојковски смета дека, „Предавници губат право да водат која било влада! ЗЗ вие сте политички и приватно мртви во Македонија“. Дејан Блуз Ванчевски, пак, го повикува Драги, кој на својот профил на ФБ има испишано Диселдорф, да дојде од Германија, па тука да пафта со мускули, како што вели, „вие ќе паметувате и браните некој што маме ѝ расплака на државава...“

На нашата ФБ страница има многу коментари за откажувањето на Беса да биде дел од новата Влада. Повеќето наши фанови се исчудуваат: „Од каде таа самоувереност кај политичари кои само што влегоа во политиката“, како што напишал Горан Таушанов. „Ова е“, вели, „пред сè борба за уривање режим, а после за позиционирање“. Или, како што постирал Самоил Петров: „Беса = ВМРО-ДПМНЕ... само каков автогол си даде Беса, само што почнаа во политиката ќе завршат“. А Бајрам Таири во одбрана на Беса, заедно со фотографија на Али Ахмети маскиран како мафијашки бос кој во рацете држи снопче пари, напишал: „А со овој ли човек?“

По препирките Македонци – Албанци, често и со недоличен речник, Аце Божиновски постирал: „Или сите ќе живееме тука со исти права и слободи или ќе нè снема!“, Агуш Рахими извикува „Бравоооссс!“, а Нешат Џамбази под фотографијата на насловната на Фокус со новото седиште на досега владејачката партија, обоено во црно, и текстот „Црната чума заминува“, напишал: „Ова е битно, и сè полека ќе дојде на свое место!“

По коментарот, пак, на Груевски дека на конгресот на СДСМ видел само стари лица, Цобе Наумовски му се обраќа лично нему: „Калигула, ќе видиш на конгресот на ВМРО стари лица, ама тоа ќе бидат ветераните кои ја создадоа и воздигнаа партијата за ти и таквите како тебе да ја растурите“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG