Десетици илјади жени се очекува да учествуваат на денешниот Женски марш во Вашингтон, на првиот ден од претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Организаторите на протестот велат дека сакаат да му испратат порака на светот дека „женските права се човекови права“. Протестот исто така е во одбрана на маргинализираните групи - обоените луѓе, етничките и верски малцинства, луѓето со попреченост и ЛГБТИ заедницата. Маршеви се одржуваат ширум светот.
Жените во светот маршираат против Трамп
Илјадници луѓе во над 600 градови ширум светот излегоа на улиците како дел од глобалниот „Женски марш“ на протест против новиот американски претседател Доналд Трамп.