Со оставање на транспарентите пред хотелот Трамп во Вашингтон завршува денешниот женски марш.
Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.
Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.
Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.
Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.