Режисерот Мајкл Мур пред насобраните во Вашингтон рече дека граѓаните треба секој ден да им се јавуваат на нивните претставници во Конгресот и им го кажа бројот.
„Измијте заби, направете кафе, прошетајте го кучето и јавете се во Конгресот“, рече Мур.
Портпаролката на Советот за американско-исламски односи Захра Билу на маршот во Вашингтон рече дека „маршираме за да се заштитиме едни со други“ и ги повика демонстрантите да ги запознаат своите соседи-муслимани.
Движењето Код Пинк повикува да се градат мостови, а не ѕидови.
Републиканската политичарка Сара Пејлин коментира дека денешниот марш има за цел да ја задоволи „лажната приказна дека Трамп е против женските права“.
„Чудно, не сите жени се поканети. Ако сте жена која не се согласува со либералните позиции за абортусот, вие не сте добродојдени на маршот“, пишува таа.