Достапни линкови

Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017
Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017

Женски марш во Вашингтон

Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.

Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.

Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.

Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.

Режисерот Мајкл Мур пред насобраните во Вашингтон рече дека граѓаните треба секој ден да им се јавуваат на нивните претставници во Конгресот и им го кажа бројот.

„Измијте заби, направете кафе, прошетајте го кучето и јавете се во Конгресот“, рече Мур.

Фотографии од Женскиот марш во Вашингтон:

Претседателката и извршна директорка на Националната коалиција на црни граѓански здруженија, Мелани Кемпбел, пред насобраните во Вашингтон рече дека маршираат за да го заштитат „човековото право за контрола врз сопствените тела“.

„Маршираме за човекови права“, рече таа.

Го повторуваме линкот на кој во живо може да го следите Женскиот марш во Вашингтон.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG