Достапни линкови

Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017
Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017

Женски марш во Вашингтон

Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.

Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.

Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.

Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.

Претседателот Доналд Трамп присуствува на меѓуверска молитва во Националната катедрала во Вашингтон.

Дел од учесничките на протестот носат розови плетени капчиња, како дел од Проектот Пусихет.

Почна женскиот марш во Вашингтон. Овде може да го следите видео преносот во живо.

Ви благодарам што стоите, зборувате и марширате за нашите вредности. Важно е, како и секогаш. Искрено верувам дека секогаш сме посилни заедно, напиша Хилари Клинтон на Твитер.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG