Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа. Изненадување има во албанскиот блок, каде е забележано големо намалување на бројот на пратеници.

Без поголеми нерегуларности протече изборниот ден. Гласањето заврши во 19 часот. Излезноста, според ДИК, надмина 67 отсто на ниво на цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ, но ДИК не го соопшти распоредот на пратеници. И двете партии прогласија победи и излегоа на улиците во центарот на Скопје да прослават. Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, соопшти дека се уште е рано за кој било да прогласи победа.

Странските медиуми за изборите во Македонија

​Македонија одржува предвремени парламентарни избори кои, според странските новински агенции, се клучни за завршување на кризата во земјата.

Мирно гласање и минорни проблеми

Без поголеми нерегуларности тече изборниот ден. До 10 часот излезноста според ДИК е речиси 10 насто. Домашните набљудувачи забележале случаи на повреда на избирачкото право. Од ОБСЕ велат дека на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза. Сите детални информации и видеа, тука: http://www.slobodnaevropa.mk/a/28169667.html

Видео - Граѓани: Гласањето се одвива без проблеми

Граѓани: Гласањето се одвива без проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG