Достапни линкови

Во експлозиите во Истанбул десетици загинати


Десетици загинати во две експлозии во Истанбул
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Десетици загинати во две експлозии во Истанбул

Во две експлозии пред фудбалскиот стадион во центарот на Истанбул загинаа најмалку 29 луѓе, додека 166 се ранети, соопштија турските власти.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу наведе дека 27 од убиените биле полицајци и оти десет лица биле уапсени во врска со експлозиите.

Според него, првата експлозија била причинета од автомобил бомба пред еден автобус со полицајци пред Водафон Арената во Истанбул каде што играле фудбалските тимови Бешикташ и Бурсаспор.

Другата ексползија била во блискиот парк и се случила 45 секунди по првата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за терористички напад.

Според некои сведоци, по експлозиите се слушнале и истрели. Еден од нив е и Омер Јилмаз:

„Влегов во кафулето пет минути пред експлозијата. Слушнав две експлозии за 30 секунди. Беа гласни. Видов и пламен исто така. Поминав крај еден автобус со полицајци кој беше во пламен. Видов искршени стакла кај џамијата каде што работам“.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Милитантите на Исламската држава, курдите и крајно десничарските организации во изминативе години главно ја преземаа одговорноста за слични напади.

НАТО членката Турција е дел од коалицијата предводена од САД против ИД во Сирија, а исто така се справува со курдските бунтовници на југоистокот на земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG