Оставката на премиерот Ренци би можело да ја отвори вратата за предвремени избори во идната година.
„Јас загубив и јасно и гласно го велам тоа, иако имам грутка во грлото, затоа што не сме роботи. Не бев во можност да победам, но ве молам да верувате дека сторив се што мислев дека е можно во оваа фаза“.
Тој оцени дека станува збор за „извонредно јасен пораз на неговиот обид за реформа на Уставот на земјата“.
Проевропскиот премиер ја соопшти оваа негова одлука откако гласачите на вчерашниот референдум отфрлија тој да добие поголеми овластувања за да ги спроведе економските реформи со тоа што ќе ја ограничи моќта на Сенатот и на регионалните влади.
Резултатот на референдумот ја внесува Италија во период на политичка нестабилност и неминовно одржување предвремени избори.
Тие пак, според посматрачите, се шанса за анти европското опозициско движење Пет ѕвезди кое се противи на заедничката влаута еврото.
Федерика Карлариело која ја претставува студентската група против реформите вели:
„За мене победата на „не“ гласот е пред се важен сигнал дека луѓето се уморни од спроведување политики на штедење и неолиберални политики на владата на Ренци и на претходните влади“.
Со неа се согласува и Стефано Јанило кој вели:
„Мислиме дека најважно е што е запрен циклусот. Победата го запира циклусот на реформи во изминативе години. Од утре се организираме и излегуваме на улилиците“.
По оставката на премиерот Ренци претседателот на Италија Серџио Матарела ќе треба да спроведе серија консултации со партиските лидери пред да наименува нов премиер кој би требало да ги подготви изборите.
Има и наводи дека претседателот Матарела ќе го замолел премиерот Ренци, и покрај неговата оставка, да остане на оваа функција до изборите.
Сепак, опозицијата смета дека предвремени избори треба да се одржат веднаш, а не догодина. Еден од нив е и Пјерпаоло Леонарди.
„Неговата оставка е апсолутно очекувана и неопходна. Сега како и обично, ќе почне играта на технократските влади и обидите за се измени изборниот законик. Мислиме дека мора да одиме на избори веднаш“.
Одлука на Ренци да се повлече по само две и пол години на власт е своевиден удар за Европската унија, која се справува со повеќе кризи и се бори да ги надмине силите кои се противат на европскиот заеднички дом.
Највената оставка на Ренци имаше одраз и врз светските берзи каде што еврото падна на најниско ниво во изминативе 20 месеци.