Политичката сцена се менува, а изгледа и тонот меѓу Обама и Трамп. По нивната прва тет а тет средба досега Обама изјави:
„Имав можност да имам одлична конверзација со избраниот претседател Трамп“.
Белата куќа, пак, соопшти дека тие ги оставиле настрана нивните остри разлики и се фокусирале врз транзицијата на власта.
„Најмногу од се сакам да ви истакнам дека сега ќе направиме се што можеме да ви помогнеме да успеете, бидејќи ако успеете тогаш ќе успее и земјата“.
По 90-минутната средба, Трамп изјави дека едвај ги чекал натамошните средби со Обама, наведувајќи дека станало збор за неколку работи, вклучувајќи ги и тешкотиите.
„Многу се радувам на работата со претседателот во иднина, вклучувајќи и советници. Објасни некои проблеми, некои од високата политика и некои навистина големи работи што се постигнати“, рече тој.
Обама и Трамп претходно никогаш немаа директен контакт.
Трамп го предводеше движењето кое го стави под прашалник американското државјанство на Обама и вети дека ќе поништи некои од работите постигнати под неговото претседателствување откако ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
Обама пак, енергеично пропагираше задемократскиот ривал на Трамп, поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, при што изјави дека Трамп не бил погоден за претседател.
Трамп во Вашингтон имаше средби и со лидерите на мнозинството во Конгресот при што најави дека негови три приоритети се имиграцијата, здравството и работните места.
Што е следното за Трамп? Формирање на кабинетот.
Во првичниот список на Трамп, според некои извори, се појавуваат луѓе што тој би ги наградил, бидејќи му беа лојални за време на жестока кампања.
Како секретар за одбрана си спомнува сенаторот од Алабам Џеф Сешнс, додека пензионираниот генерал Мајкл Флин како советник на Трамп за национална безбедност.
За можни државни секретари се посочуваат Њут Гингрич или Боб Коркер.
Инаку, веќе втора ноќ по ред во неколку американски градови се одржуваа протести против победата на Доналд Трамп.
Демонстрантите страхуваат дека неговото претседателствување ќе биде удар врз човековите права во земјата.
Тие сметаат дека неговите коментари за време на кампањата во врска со имигрантите, муслиманите, жените можат да предизвика бран на нетолеранција спрема различните малцински групи.
Демонстрации против Трамп се најавени и во текот на претстојниот викенд.