Речиси четврт век откако Словенија и Хрватска прогласија независност од Југославија, британските гласачи решија да ја напуштат Европската унија. Последиците од ова гласање ќе бидат нејасни во месеците што следат, а многу ќе зависи од одлуките на британските и лидерите на ЕУ, наведува професорот по југоисточно европска историја и политика на Универзитетот во Грац – Австрија, Флоиријан Бибер во текстот на Фридом Хаус каде ги обработува сценаријата за Западен Балкан по британскиот референдум за излегување од ЕУ.
Фридом хаус: Уште подалечна Унија, Балканот и Брегзит
И додека Унијата би можела да ја преживее и оваа криза, како што ја преброди должничката криза, кризата во Грција, и бегалската криза, изгледите на земјите од Западен Балкан за стабилност, просперитетни демократии изгледаат многу намалени.
Брегзит сега значи неизвесност и несигурност што ќе влијае врз креирањето политики поради значителни ризици. Тоа ќе влијае врз способноста на ЕУ да интегрира нови членки и да промовира демократски ориентиран систем на владеење.
Сценарио 1: Британија и Европа разединети
Првото сценарио би значело дека Велика Британија се распаѓа, со заминување на Шкотска, а можеби и Северна Ирска и другите членки на ЕУ со одржување референдум. Шкотска можеби нема да може да остане во ЕУ, и ќе биде принудена повторно да преговара за условите за пристапување истовремено со излагањето на Велика Британија. Но, тоа ќе доведе до влошување на односите меѓу ЕУ и Велика Британија и во рамките на самата Британија. Во исто време, шкотскиот референдум ќе поттикне референдуми во Каталонија и на други места во Европа. Тоа ќе ја намали способноста на ЕУ за решавање на проблемите, вклучувајќи ја и Грција или миграцијата. При такво сценарио, ЕУ би можела да се намалува и трансформира во структура со повеќеслоојна интеграција, како и појавата на „јадрото на ЕУ“ во северна Европа.
За Западен Балкан, динамиката на ЕУ ќе исчезне со целосно отфрлање на Унијата. Покрај тоа, сецесионистичките движења во регионот, како во Република Српска, би можеле да бидат охрабрени за отцепување.
Сценарио 2: Велика Британија разединета, Европа обединета
Според ова сценарио, Шкотска ја напушта Велика Британија, но може да остане во ЕУ, со што се создава реакција против Брегзит поради високата цена на одлуката на британските гласачи. Ова може да доведе Англија, Велс и Северна Ирска да останат дел од Европската економска област со отворени граници кон Шкотска и Ирска. Во таков случај, британското искуство ќе ги обесхрабри другите референдум за напуштање на ЕУ или ќе води до нивен пораз. По извесен период на тешкотии, ЕУ ќе биде во можност да продолжи со проширувањето, иако распаѓањето на Велика Британија и заминувањето на Англија, Велс и Северна Ирска ќе резултира со посилна германската хегемонија врз ЕУ. Пристапување во ЕУ за Западен Балкан повторно ќе биде одржлива опција.
Сценарио 3: Велика Британија обединета, Европа разединета
Ако Велика Британија дефинира преговарачка позиција која ја одразува поделеноста на земјата и се обидува да одржи „полабаво“ членство, Шкотска може да се смири и земјата ќе опстане. Лидерите на ЕУ можеби би прифатиле таков потег, како што германскиот министер за финансии Шојбле изјави во интервју за Шпигел. Како резултат на тоа, Велика Британија може да остане важен, но со намалена сила актер на меѓународната сцена.
За Западен Балкан, такво сценарио би било најблиску до состојбата статус кво, но сепак, дури и тука, влијанието на Велика Британија, која се залага за проширување, со намалување на години на преговори, сериозно ќе биде намалено.
И сега што?
Овие три сценарија ги потенцираат значителните ризици на Брегзит врз Западен Балкан. Со намалена само-апсорбција на ЕУ и променет фокус, земјите од регионот може да не се потпираат на ЕУ за реформа и зајакнувањето на демократијата.
Ќе се јават други за да ја пополнат празнината. На краток и среден рок, ова се чини ќе поттикне полу-авторитарни лидери кои ќе му угодуваат на највисокиот понудувач, било да е Турција, Русија, Кина, или други сили или инвеститори, вклучувајќи ги индивидуалните земји-членки на Унијата. Општествените движења, медиумите и независните институции ќе имаат помалку надворешни сојузници.
За да се спречи овој негативен тренд, клучните членки на ЕУ, особено Германија, но и САД, можеби ќе треба да се формираат коалиции за да продолжи поддршката за демократски промени на Западен Балкан. Без ризик од вооружениот конфликт, Западен Балкан, најверојатно, ќе остане низок приоритет, но сепак, авторитаризам не е само ризик за регионот, но е дел од една поширока европска слабост која не може да се игнорира подолго.