Достапни линкови

Кој си игра со народот?


"Eдни те исти луѓе си играат со народот затоа што сè уште сме неразвиени и подложни на манипулации, а судството, администрацијата, полицијата... се корумпирани, па треба смена на сите кадри од ред‟.

Неделното интервју за Радио Слободна Европа со поранешниот дипломат, амбасадорот Арсим Зеколи, кој покрај другото вели дека нашите политичари немаат капацитет за излез од кризата без странска помош, испровоцирало неверојатно многу негативни постови.

Чест на исклучоците, се разбира. Поради чистотијата на умот, ќе наброиме само некои од исклучоците. Другите се премногу долни и во мислата и изразот. Исмет Ајдиновиќ смета дека одговорноста за ситуацијата во Македонијата ја имаат двата најголеми народа, македонскиот и албанскиот, политичарите и лидерите без разлика леви или десни, и дека помалите заедници биле жртви, заложници... без право на мислење, одлука или став и кои со години ги плаќаат сметките.

Секако дека веруваме дека сакаш да избегаш од земјата со сите пари што ги украде! Ама нема бегање, ќе одговараш! Ќе си лежиш

За Лаура Паусини едни те исти луѓе си играат со народот затоа што „сè уште сме неразвиени и подложни на манипулации, а судството, администрацијата, полицијата... се корумпирани, па треба смена на сите кадри од ред‟. Соња Настовска го пофалува Зеколи за точниот психолошки профил на нашите минорни политичари, како што вели, кои нашле земја каде што си играат политички игри, „а со умот не се дораснати ни колку еден осмоодделенец...‟

Се чини дека за информациите од протестите на приврзаниците на Шарената револуција се заинтересирани само оние фанови на нашата Фејсбук страница коишто сметаат дека за тие што бојат по улиците и зградите се само „водени топови и пендрек‟, како што постирал Ивица Георгиевски, или „многу бензин и едно чкорче е решение за вас‟ - како што се изјаснил Предраг Спасоски.

За распитот на Груевски и Јанакиески за случајот на уривањето на „Космос‟ и одбивањето на барањето на СЈО за одземање на пасошите како мерка на претпазливост, од страна на судот, Рубин Ристески напишал дека судиите предвреме се исплашени затоа што „мафијата сè уште е на власт‟. А Владо Ангеловски постирал: „Секако дека веруваме дека сакаш да избегаш од земјата со сите пари што ги украде! Ама нема бегање, ќе одговараш! Ќе си лежиш!‟

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG