Работници го чистат плоштадот Македонија во Скопје, откако демонстрантите синоќа испишаа пораки „Убијци“, „Правда за Мартин“, „Бојата се мие, крвта не се крие“ со црвена боја, потсетувајќи на убиството на Мартин Нешкоски. Тој беше убиен пред пет години, но никој не одговараше за обидот за прикривање на неговото убиство.
На 5 мај минатата година, опозицијата објави прислушувани разговори, кои, како што велат во СДСМ, покажуваат дека владините претставници се обидуваат да го заташкаат убиството. По објавувањето на разговорите почнаа протести кои прераснаа во жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите. На првата годишнина од тие протести, движењето Протестирам го посвети вчерашнио тпротест токму на убиството на Нешкоски. Нивната главна порака беше „Сакавте да скриете убиство“.