Според договорот, оние што нелегално ќе преминат во Грција од Турција ќе бидат испратени назад во Турција, откако нивните барања за азил ќе бидат обработени.
За секој вратен илегален мигрант,директно од Турција во Европа ќе биде испратен еден сириски бегалец.
Поранешниот портпарол на УНХЦР за Турција и претседател на Истражувачкиот центар за азил и миграција Метин Корабатир изјави дека не очекува договорот да го запре бранот.
Според него, Грција треба да им даде заштита на барателите на азил на кои им е неопходна меѓународна помош.
Враќањето на мигрантите е клучен дел од договорот меѓу ЕУ и Турција, со цел да се стави крај на приливот на мигранти и бегалци кои бегаат од сиромаштијата и војните на Блискиот Исток, Азија и Африка.
„Во овој момент и во оваа форма тешко дека ќе биде спречено движењето на мигрантите. Постојат голем број дупки во договорот. И тоа треба да се подобри. Една слаба страна на договорот е Грција. Кој се треба да биде вратен? Обединетите нации и организации за човекови права се спротивставуваат на вакво широко враќање. Треба да има гаранции за оние што имаат потреба од меѓународна заштита во Грција“, вели Корабатир.
Но, тој исто така додава дека од друга страна Турција не може да се смета за безбедна земја за оние што бараат азил.
„Во Турција има голема дебата за тоа дали таа е безбедна трета земја или не. За мене, во овој момент таа не е безбедна трета земја, бидејќи не постои опција за аплицирање за индивидуален азил“, вели Корабатир.
И австрискиот претседател Хајнц Фишер во неделата изрази загриженост за проблемите со човековите права во Турција и изрази сомнежи дека договорот ќе го запре бранот бегалци.
Враќањето на мигрантите е клучен дел од договорот меѓу ЕУ и Турција, со цел да се стави крај на приливот на мигранти и бегалци кои бегаат од сиромаштијата и војните на Блискиот Исток, Азија и Африка.
Според Корабатир, договорот, доколку не биде изменет ќе им наштети и на главните европски вредности.
Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала изјави дека по доаѓањето на мигрантите во Турција, авганистанците, ирачаните и пакистанците ќе бидат депортирани во нивните земји.
Повеќе од шест илјади мигранти и бегалци се регистрирани на грчките острови од 20 март, денот кога стапи во сила договорот меѓу Турција и Европската унија.
Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци и групите за човекови права го критикуваа договорот.
Амнести интернешнал пак, го оцени како „историски удар врз човековите права“ и испрати делегација во Лезбос и во близина Хиос за следење на состојбата.
Над милион мигранти и бегалци влегоа во Европа во минатата година. Од почетокот на оваа досега во Грција дојдоа повеќе од 150 илјади мигранти.