Достапни линкови

„Помогни ни Македонија“


Бегалците блокираа воз, бараат отворање на македонската граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

Бегалците блокираа воз, бараат отворање на македонската граница

Повозрасните бегалци ја блокираат пругата на македонско-грчката граница, а помладите извикуваат „Отворете ги границите“ и „Помогнете ни, не сакаме да умреме тука“.

Бегалците кои се наоѓаат во прифатниот камп Идомени на грчка страна, денеска ја блокира пругата, при што еден воз веќе со часови е заглавен на македонско-грчката граница. Беглаците од кои најгласни беа најмалите извикуваа „Отворете ги границите“, „Слобода“ и „Меркел“.Тие носеа и транспаренти испишани со зборовите - „И ние сме луѓе“, „Помогнете ни, не сакаме да умреме“, „Помогни ни Македонија“. Додека,пак,постарите седеа на пругата пред кордонот полицајци кои не им дозволуваа пристап до возот.

На македонската граница засега не се пропуштаат беглаци. Македонските полицајци велат дека не знаат колку време ќе биде блокирана границата и дали денеска воопшто ќе се пропуштаат беглаци. Според нив, еден воз синоќа од прифатниот камп тргнал накај Табановце.

Денеска во прифатниот кампа Винојуг на македонска страна може да се забележат мал број на бегалци, додека нивниот број на Идомени постојано се зголемува и се искачи над 11 илјади. Во грчкиот прифатен кампа постојано пристигнуваат и нови групи на бегалци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при вчерашната посета на македонско-грчката граница изјави дека Македонија ќе прифаќа онолку бегалци колку што ќе може да поминат во Србија и во другите земји на балканската рута. Според него, засега таа бројка изнесува околу 300 луѓе дневно.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG