Достапни линкови

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе оди сама на избори?


Архивска фотографија - Седница за самораспуштање на Парламентот.
Архивска фотографија - Седница за самораспуштање на Парламентот.

Во опција се сите комбинаторики за парламентарното мнозинство кое би можело да ја отфрли или потврди одлуката за распуштање во среда и избори на 24 април.

Малку време останува до веќе изгласаното распуштање на парламентот на 24 месецов, односно во следниве часови во опција се сите комбинаторики за парламентарното мнозинство кое би можело да ја отфрли или потврди одлуката за распуштање во среда и избори на 24 април. На партиите им се потребни 62 пратеника за гласање на некаква одлука.

Бидејќи Собранието е распуштено со одлука на Собранието, истото тоа мора да донесе одлука со која првобитната своја одлука ќе ја промени, значи ако одлуката гласи дека избори ќе има, а Собранието се распушта на 24 февруари, а на 24 април да се одложат изборите мора веќе денес или најдоцна утре да донесе одлука дека Собранието не е распуштено.
Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието.

„Бидејќи собранието е распуштено со одлука на Собранието, истото тоа мора да донесе одлука со која првобитната своја одлука ќе ја промени, значи ако одлуката гласи дека избори ќе има, а Собранието се распушта на 24 февруари, а на 24 април да се одложат изборите мора веќе денес или најдоцна утре да донесе одлука дека Собранието не е распуштено и дека изборите, ако има точен датум, ако има договор за изборите кога ќе се одржат или едноставно само да ги поништи двете одлуки за распуштањето и одржувањето на изборите“, вели поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски.

Но, според досегашното позиционирање на партиите, можно е партијата на Никола Груевски да биде единствена од поголемите која би одела на избори, бидејќи покрај СДСМ, и владиниот партнер Али Ахмети најави дека нема да оделе против меѓународната заедница која соопшти дека нема услови за избори на 24 април. Ваквата најава од Ахмети, според аналитичарот Алберт Муслиу, ја прави помалку веројатна можноста ВМРО-ДПМНЕ да се одлучи на опцијата сами на избори и поништување на договорот од Пржино.

„Јас сум доста сигурен дека до утре вечер, додека трае рокот за распуштање на парламентот со одложено дејствување дека нешто ќе се издоговори и врз основа на тоа нешто и ќе се изгласа. Не верувам дека ќе се оди на избори на кои има само една партија, тие ќе ги прифатат како легитимни, така што развој на настаните како пропаѓање на Договорот од Пржино и враќање на состојбата како пред него не очекувам да се случи“, вели Муслиу.

Варијантата пропаѓање на Договорот од Пржино всушност би предизвикало и серија промени како нов состав на Државната изборна комисија, чие раководство тврди дека нема услови за фер избори на 24 април, потоа министерски промени во МВР и труд и социјала каде што се кадри од СДСМ, како и укинување на дополнителните заменички места во финансии, земјоделие и администрација и информатичко општество. Под знак прашалник би се довело и работењето на Специјалното јавно обвинителство.

Според Муслиу секакви варијанти се можни, но сепак најверојатна е партиите да се договорат во следниве часови и заеднички да ги одложат изборите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG