Достапни линкови

ЕУ и мигрантската криза, заедно ама различно


ЕУ и мигрантската криза, заедно ама различно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

ЕУ и мигрантската криза, заедно ама различно

Премиерите на Чешка, Словачка, Унгарија и Полска на состанокот во Прага уште еднаш потенцираа дека на ЕУ и се неопходни заеднички планови за справување со мигрантската криза. На тоа инсистира и Брисел но претседателот на Европскиот совет Доналд Туск признава дека досега малку е сторено во врска со тоа.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, домаќин на собирот, на кој учествуваа и македонскиот претседател и бугарскиот премиер, оцени дека Европската унија треба да ја поддржи Бугарија и Македонија при реализацијата на нивните сопствени мерки за заштита на границите.

Според него, шесте земји се согласни за потребата од исполнување на договорот со Турција и за поддршка на напорот на Грција да ги исполни условите од членството во Шенген зоната.

„Се согласивме дека треба да ја поддржиме безбедноста на надворешните граници на ЕУ и за потребата од формирање заедничка европска гранична и крајбрежна стража. Ги поддржуваме активностите на НАТО против шверцерите на луѓе“, изјави Соботка.

Словачкиот премиер Роберт Фицо пак оцени дека некои европски политичари направиле големи грешки во врска со мигрантската криза, додавајќи:

Ова е критичен момент. Крајно време е да почнеме повеќе да ги слушаме аргументите на другите од нашите.
Доналд Туск, претседател на Евроспкиот совет

„Сакам да кажам јасно дека никогаш нема да се согласиме на принудно создавање мигрантски заедници на нашата територија. Ние се потпираме врз функционирањето на акциониот план меѓу ЕУ и Турција. Би сакал да бидам убаво изненаден и од нашите грчки колеги. Но морам да признам дека сум песимист. Затоа ние зборуваме за план Б и за обезбедување на границите на Македонија и Бугарија“, рече Фицо.

На ист став е и унгарскиот премиер Виктор Орбан кој оценувајќи дека досегашната стратегијата на Европа не успеала изјави:

„Затоа е логично и произлегува од одговорно политичко размислување да се разговараа за втора линија на одбрана. Не ме сфаќајте погрешно, денес Европската унија има втора линија на одбрана, тоа е Шенгенската граница: Унгарија, Словенија, Австрија. Прашањето е дали ние би сакале втора одбранбена граница меѓу Шенген и Турција“.

За полскиот премиер Беата Шидло пак кризата може да биде решена само со елиминирање на вистинските причини како конфликтите во Сирија и Либија.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди дека Европската унија би можело, како што рече, да се скрши под притисокот од големата мигрантска криза, но и од евентуален спорен договор за задржување на Британија во Унијата.

„Ова е критичен момент. Крајно време е да почнеме повеќе да ги слушаме аргументите на другите од нашите“, изјави Туск за време на неговата посета на Букурешт, додавајќи дека бил направен мал напредок во врска со решавањето на недоразбирањата во рамките на Унијата во врска со овие две прашања.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG