Достапни линкови

Миграцијата на младите го зголемува бројот на разводи


Во 2015 биле регистрирани за 60 отсто повеќе разводи од 2014. Во овие барања за разводи на брак има голем број на млади кои живеат разделени поради печалбата. Од друга страна пак, според податоците, во пораст е бројот на малолетнички бракови.

Во најзападниот регион во Македонија, односно во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово – Ростуше, подолг период има нагласена миграција на младото население. Според информациите на меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи во Дебар една од главните причини за зголемениот број на разводи е токму печалбарењето и миграцијата на младите во странство. Според Основниот суд во Дебар само во општина Дебар во 2015 година биле поднесени 51 барање за бракоразводи што во споредба со 2014 година е 60 отсто повеќе. Во овие барања за разводи на брак има голем број на млади кои живеат разделени поради печалбата. И во Центарот за социјални работи потврдуваат дека одвоениот живот на младите сопружниците е една од главните причини за зголемениот број на разводи.

Претежно на печалба заминуваат машките, се запознаваат со нив свет е за жал некои од нив забораваат за своите сопруги и деца и носат одлуки за развод на брак.
Исмаил Мерсимоски, Центарот за социјални работи во Дебар,

„Работејќи во делот на бракоразводната постапка и мировните постапки во последно време е забележан тренд на зголемување на бракоразводите, а како причина е миграцијата на нашето население во западно-европските земји, односно заминување на младите на печалба. Во една таква ситуација треба да кажеме дека претежно на печалба заминуваат машките, се запознаваат со нив свет е за жал некои од нив забораваат за своите сопруги и деца и носат одлуки за развод на брак“, вели социјалниот работник од Центарот за социјални работи во Дебар, Исмаил Мерсимоски.

Според него во пораст е и бројот на малолетнички бракови. И овие бракови во просек се зголемени за 50 отсто, според податоците на надлежните институции најчесто во малолетничките бракови , како малолетни лица се јавуваат женските, кои по барање на нивните родители за да имаат подобар живот се мажат кај наши печалбари во странство, но потоа се појавуваат проблемите и разводите.

„Малолетничките бракови биле присутни и се присутни и денес. Тоа се млади брачни партнери од женски пол кои склучуваат брак со полнолетни лица, дел заминуваат во странство добиваат соодветна документација во тие земји по основ на брачниот сопруг. Но потоа се јавуваат проблемите и доаѓа до разводи“, вели Мерсимоски.

Во анализите на надлежните институции, но и на локалните експерти по оваа проблематика стои дека масовната миграција е таа која влијае во зголемување на бројот на разводите во сите три општини од регионот. Печалбарењето исто така влијае и во појавата и зголемувањето на бројот на малолетничките бракови. Но стои и фактот дека миграцијата на младите не запира. Според невладиниот сектор во регионот само минатата година во странство на печалба заминале над 1.000 млади.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG