Достапни линкови

Дел од економските мигранти се враќаат во Атина


Дел од економските мигранти се враќаат во Атина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Дел од економските мигранти се враќаат во Атина

И додека бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан продолжуваат да ја минуваат границата меѓу Грција и Македонија, на луѓето од другите земји, за кои се смета дека се економски мигранти не им се дозволува тоа. Стотици Иранци протестираат барајќи од властите на двете земји да им овозможат слободно минување.

Преплавени од стотици илјади мигранти и бегалци годинава, земјите на таканаречената Балканска рута од неодамна почнаа да ги филтрираат, блокирајќи им го минувањето на сите оние што не се сиријци, ирачани или авганистанци.

Тие се сметаат како бегалци со оглед на војните во нивните земји.

Ваквата одлука создаде проблем со мигрантите од Пакистан, Иран, Мароко и другите кои се заглавени на ничија земја меѓу Грција и Македонија.

Но, некои од нив решиле да се вратат во Атина, откако грчките власти организираа автобуси и возови со кои тие се префрлаат во специјален камп во близина на грчкиот главен град. Таму тие можат да аплицираат за азил во Грција.

Како што растат тензиите, некои мигранти скоро секојдневно протестираат на границата барајќи да им биде дозволено да ја минат.

„Ние не можеме да се вратиме. Ова е точката од каде што нема враќање. Секој потрошил две или три илјади евра да стигне тука. Враќањето нема логика. Ако сакаа да не запрат тоа можеа да го сторат во Турција или Грција“, вели Џамал, бегалец од Мароко за агенцијата Ројтерс.

Ние не можеме да се вратиме. Ова е точката од каде што нема враќање. Секој потрошил две или три илјади евра да стигне тука. Враќањето нема логика. Ако сакаа да не запрат тоа можеа да го сторат во Турција или Грција.
Џамал, бегалец од Мароко

Тие што се уште се на границата се соочени со лоши услови за сместување и ги минуваат ноќите на ниски температури.

Директорот на Амнести Интернешнал во Грција Јоргос Космопулас вели дека имало дискриминација на границата.

„Многу луѓе се заглавени тука на грчката страница на границата без некакво соодветно објаснување“, вели тој додавајќи дека и луѓето од Иран или од други земји би можело да бидат исто така бегалци, а не економски мигранти.

Тој смета дека грчката влада би требало да преземе поактивна улога во давањето помош за мигрантите на кои не им е дозволен влез во Македонија.

„Би требало да им даваме помош на овие луѓе, бидејќи условите за прифаќање во Идомени и на границата се неадекватни“, вели Космопулас.

Бранот бегалци и мигранти доведе до несогласувања меѓу владите на членките на Европската унија кои се уште не можат да најдат унифициран одговор на кризата.

Најмногу мигранти има прифатено Германија. Таму во изминативе 11 месеци од годинава се регистрирани околу 965 илјади нови баратели на азил.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека половината од нив се сиријци. По нив најбројни се авганистанците и ирачаните.

И покрај студеното време бројот на мигрантите не се намалува и само во минатиот месец во Германија беа регистрирани над 206 илјади.

Германскиот канцелар Ангела Меркел која поради нивното прифаќање се соочува со проблеми во нејзината коалиција вчера оцени дека имиграцијата може да ја збогати Германија.

Таа зборуваше на одбележувањето на 60 годишнината од програмата за прифаќање странски работници по Втората светска војна, позната како Гастарбајтер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG