Достапни линкови

Мигрантите се пробија на македонска територија

Голема група на мигранти во неколку наврати денеска ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон кои ги спречуваа да влезат на македонска територија на дивиот премин на македонско-грчката граница. Мигрантите потоа избегаа кон околните полиња и се упатија кон железничката станица во Гевгелија. Тие масовно влегоа на македонска територија каде имаше помал број на безбедносните сили, кои беа немоќни под налетот. Полицијата употреби и шок бомби за да го спречи нивното движење, а некои од мигрантите колабираа.

Категории

XS
SM
MD
LG