Достапни линкови

Неделници за кризата, излезот и борбата


Фокус прашува дали ЕУ ќе ја преведе Македонија жедна преку вода. Република смета дека граѓаните ќе стават крај на кризата, а Глобус порачува дека секоја борба треба да се води со љубов.

Ќе ги преведе ли ЕУ Македонија и нејзините граѓани кои сакаат слобода и демократија жедни преку вода? Во рубриката „верувале или не“ Фокус ја сместува изјавата на Аиво Орав по средбата на дури 12-темина амбасадори на земји членки на ЕУ со Никола Груевски дека „го слушнале ставот на премиерот за начините на кои ќе се противстави на сериозните прашања околу владеење на правото и враќање на довербата во институциите“!

Во Брисел на 10 јуни ќе се потпишат конкретните решенија за дел од шесте веќе договорени точки кои ќе ги прецизираат модалитетите со кои ќе се ставело точка на натамошни злоупотреби со негирање на изборните резултати.
Република.

Фокус - Џабалак тинтрење за европски дил ориентид

Во воведната колумна во најновиот број на неделникот, „Џабалак тинтрење за европски дил ориентид“ се појаснува дека изјавата всушност уште повеќе му го крева угледот на премиерот кај неговите фанови. Зошто? Човекот кој ги задуши институциите и ги претвори во марионетки на фамилијата, сега ќе ги оправи за да го осудат за корупција?! - со неверување се исчудува Фокус, па прашува каков ли рецепт им продал на дил средбата?

Република - Граѓаните ќе стават точка на кризата

Република смета дека, „Сепак, граѓаните ќе стават точка на кризата“. И потсетува дека во Брисел на 10 јуни ќе се потпишат конкретните решенија за дел од шесте веќе договорени точки кои ќе ги прецизираат модалитетите со кои ќе се ставело точка на натамошни злоупотреби со негирање на изборните резултати - модел што, како што наведува, „повеќе пати го користи СДСМ последните неколку изборни циклуси. И повторно, граѓаните се тие што ќе стават крај на кризата“, завршува Република.

Она што го правите не би требало да биде карневал и летен кампинг, туку борба со чисто срце и чиста душа.

Глобус - Секоја борба треба да се води со љубов

„А, каде е љубовта?“ прашува авторот во една колумна во он-лајн магазинот Глобус кој им се обраќа на граѓаните што кампуваат пред Владата, прашувајќи ги дали знаат за што се, а не само против што се. Зашто, вели, борбата вреди само ако ги стиснеш тупаниците, ги затвориш очите и „слепо“ го следиш „ритамот на срцето“, желбата, страста, љубовта! Она што го правите не би требало да биде карневал и летен кампинг, туку борба со чисто срце и чиста душа - пишува колумнистот, кој порачува дека секоја борба треба да се води со љубов, која, пак, бара истрајност и жртвување, затоа што кога човек се бори со љубов, се дава целиот и не е битен како поединец, туку е битна борбата, идејата, целта... поентира колумнистот во Глобус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG