Неколку стотици граѓани, активисти и членови на опозициските партии попладнево маршираа низ центарот на Скопје барајќи оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на премиерот Никола Груевски.
Демонстрантите извикуваа „Оставка, оставка“, „Николче диктаторче“, „Вратете ги парите „Нема правда нема мир“. Тие тргнаа од како што го нарекува опозицијата, кампот на слободата пред Владата и маршираа низ булеварот „Иленденска“ и улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, од каде повторно се вратија пред Владата.