Достапни линкови

Да се вратиме на улиците!


Политичка криза, нетранспарентни процеси, кампови со забавна програма, криминалци и статус кво, пишува граѓанската активистка Тамара Атанасоска во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Снимките кои ги презентираше опозицијата не го разгневија овој уплашен, деполитизиран и гладен народ сè додека не отворија една стара рана која цели 40 дена вадеше луѓе на улиците едно лето. Во наредните денови, на сите им стана јасно дека нема повеќе простор да ги поправиме дупките во овој систем, туку мораме да менуваме од корен - заедно застанавме зад извикот ДОЛУ ВЛАДА! Енергијата растеше и се истураше по улиците се до 17-ти, каде опозицијата заедно со граѓаните демонстрираше граѓанска волја. Сега, до кај сме?

Енергијата растеше и се истураше по улиците се до 17-ти, каде опозицијата заедно со граѓаните демонстрираше граѓанска волја. Сега, до кај сме?

Политичка криза, нетранспарентни процеси, кампови со забавна програма, криминалци и статус кво.

Кога си на улица, се чувствуваш добро затоа што си ангажиран – учествуваш во нешто поголемо од тебе, работиш кон тоа да го промениш она кое ти пречи – иако си во толпа луѓе, твојот глас е слушнат, силен си и моќен. Кога ќе те остават да бидеш дел од однапред смислена програма каде си повеќе или помалку само пасивен гледач, каде си само бројка, а вистинската активност која ја легитимираш со своето присуство се случува зад некои затворени врати, верувам, чувството не е толку добро. Преговорите за чиј напредок или исход не сме чуле ништо во изминатите недели се случуваат целосно нетранспарентно. Како главен актер во преговорите е опозицијата која не го комуницира со нас ни моменталниот статус, ни развојот, ни идните планови. Фини се сите тие дискусии и дебати пред Влада што би било кога би било – но што правиме со она што се случува токму сега? Ваквата ситуација го прави притисокот на граѓанството уште поитно и попотребно; ако не нè вклучуваат, мора да притискаме за да бидеме чуени.

Мораме да се вратиме на улиците, затоа што сенката на режимот кој нè измачува целата оваа декада ќе стои над нас ако не предизвикаме суштинска промена. Неспорно е дека мора да работиме сите заедно, партии, grass-roots иницијативи, невладини организации, граѓани кои не се во ниедна група и кои се само лути им е доста.

Мораме да се вратиме на улиците, затоа што сенката на режимот кој нè измачува целата оваа декада ќе стои над нас ако не предизвикаме суштинска промена. Неспорно е дека мора да работиме сите заедно, партии, grass-roots иницијативи, невладини организации, граѓани кои не се во ниедна група и кои се само лути им е доста. Имаме за буткање еден голем ѕид, а сите алатки со кои би можеле да си помогнеме за да го направиме ни се одземени (сите демократски механизми, дури и гласањето!), па мораме да туркаме со раце, а тоа нема да е лесно.

Сепак, еден од столбовите на тој ѕид е и дуализмот на мислења во кои е вплеткано целото наше општество – црвено и сино, лавче и ружа. Да работиме комплементарно да, и заедно, но обврска ни е во вакви моменти да ја држиме страната и да се бориме да го поставиме граѓанинот како релевантен фактор на учество во политичките процеси. Присуството на независните движења кои ќе ја поддржуваат целта ДОЛУ ВЛАДА, а сепак ќе имаат поширок контекст од тоа и ќе се вклучат во отпорот, е многу важен. Во деновите по поставувањето на кампот имаше притисок сите активности на граѓаните да се слеат во програмата која е смислена за истиот. Тоа се покажа како непродуктивно и оттуѓи и пасивизираше еден голем дел од граѓаните. Итноста на улицата, видливоста на гневот и силината на извикот, јачината на конструктивниот револт, автономијата на мислата и делувањето – тоа е тоа што не води надвор!

Мора да се вратиме на улиците за да можеме да им се слееме во институциите. Мораме да бидеме присутни кога ќе се креираат новите институции и кога ќе се поставуваат новите темели за да го зацврстиме нашето место таму и никогаш повеќе да не ги предадеме! Мораме, ние граѓаните, а тоа мора да почне од денес. Да се вратиме на улиците!

XS
SM
MD
LG