Сергеј Станишев:
„Овде сум да го слушнам вашиот глас. Вашата порака е кристално јасна. Сакате мир. Гледам луѓе од различни етнички заедници кои се заедно“.
„Јасно слушнав дека сакате демократија“.
„Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во ЕУ, никој не може да ве игнорира“.
Следува настап на „Белизе бенд“
На протестот моментално се пуштаат делови од досега објавените прислушувани разговори.
Обраќање на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:
„Испраќам јасна порака од името на сите нас овде, од сите етнички заедници, од различни политички партии и здруженија - Никола - оди си“.