Почна протестот пред Владата
Со изведбата на македонската химна, почна протестот пред македонската влада. Собрани се десетици илјади граѓани, неколкумина евро-пратеници, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политичари, активисти ....
Прв се обрати претставник на Студентскиот пленум
„Студентите не се пред Владата за да подржат некоја политичка партија. Студентите секогаш ќе бидат коректив на Владата. Студентите сакаат еднакви можности, сакаат иднина дома“.
Порачуваме: Никогаш повеќе за клептократија, никогаш повеќе за Влада со крадци и убијци. Порача претставникот на Студентскиот пленум.
Потоа се обрати студентка на албански јазик.
Слични пораки, за еднаквост, перспектива дома.
Таа со овации беше поздравена од десетиците илјади собрани граѓани.