Сергеј Станишев:
„Овде сум да го слушнам вашиот глас. Вашата порака е кристално јасна. Сакате мир. Гледам луѓе од различни етнички заедници кои се заедно“.
„Јасно слушнав дека сакате демократија“.
„Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во ЕУ, никој не може да ве игнорира“.
ПРОТЕСТ - Видео, Фото
Повеќе од два часа трае анти - владиниот протест пред зградата на владата на Република Македонија. Повеќе
Обраќање на евро-пратениците Кнут Флекенштајн и Сергеј Станишев:
Флекенштајн: „Не ви треба гости од странство да ви ја решаваат кризата, тоа можете сами. Дојдов овде во знак на солидарност со сите оние што денеска мирно протестираат. На Македонија и е потребно враќање на демократијата“.
Марија Џонс, преведувачка, од името на хонорарците:
„До сите неопределени, - не живееме само во политичка криза, туку и во длабока општествена криза“.
„Барам од новата влада, кога и да дојде, да ги вратиме слободата и владеењето на правото, да ги укинеме сите нови неправедни закони“.