Колони автомобили пристигнуваат на анти-владиниот протест во Скопје
Денешните протести, според агенцијата Франс Прес, се кулминација на неколкумесечните расправии меѓу конзервативниот премиер Никола Груевски и неговите опоненти од левиот центар. Опозицијата вети дека неделните протести ќе бидат мирни.
Американскиот сенатор Крис Марфи со изјава по повод политичката криза во Македонија.
Тој повикува на воздржаност од насилства и враќање на Македонија на евро-атланскиот пат.
Целата негова изјава тука.
На пат за протест кон Скопје
Илјадници граѓани од повеќе градови од Македонија тргнале на протестот во Скопје. Некои медиуми јавуваат за засилени контроли и проблеми по пат.
Се јавува дека и од други градови на Македонија граѓани масовно тргнале кон Скопје.