Достапни линкови

Глобален одговор на илегалната емиграција


Илегалната имиграција од Африка и Азија станува клучен европски проблем. Бројните несреќи на море и копно во кој гинат стотици имигранти кои бегаат од војни, глад и сиромаштија ги натераа европските и светските политичари многу посериозно да се зафатат со овој проблем.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини како и италијанскиот премиер Матео Ренчи во понеделникот пловеа со брод од брегот на Сицилија за да покажат солидарност со напорите за спасување на имигрантите кои по Средоземно море се обидуваат да дојдат до бреговите на Европа.

Целта, како што велат, е да се покаже поддршка по големите несреќи и стотиците жртви и да се вложат заеднички напори за решавање на прашањето на илегалната емиграција.

Голготата на имигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:18 0:00

„Важно е да се биде тука, не само за ЕУ туку исто така и за ОН, бидејќи нам ни треба по комплексен одговор на различните аспекти на феноменот. Спасување животи, борба со криумчарите. Ни треба глобално партнерство и присуство на морињата на ЕУ заедно со ОН во рамките на меѓународното право“.

порача високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.За ова прашање или како да се влезе во сржта на проблемот интензивни разговори се водеа меѓу челниците на Обединетите Нации и Европската Унија. Имено проблемот не е нов, но европските лидери се соочуваат со гнев по смртта на стотици бегалци кои се обидоа во изминативе недели да стигнат до Европа од Африка.

Како и да е ЕУ се соочи со потребата од носење нова миграциска политика и начините за борба против шверцерите со луѓе. Разни влади, разни интереси па процес на усогласување, со активистите и експертите од оваа област. Како што е познато, лидерите на Европската унија на вонредниот состанок во Брисел кон крајот на минатиот месец се согласија да ги засилат операциите за спасување на имигрантите на Средоземно Море.

Најавени се и поостри мерки со цел спречување на илегалниот трансфер на имигрантите и тие главно се насочени против организаторите на овој шверц со луѓе.Во заедничкото соопштение на шефовите на држави или на влади на Европската унија се потенцира дека бранот илегални имигранти ќе биде спречен со разбивање на криумчарските мрежи, со изведување на виновниците на суд и со запленување на нивниот имот. На самитот е решено тројно да биде зголемен буџетот наменет за операцијата „Тритон“ на спасување на бегалците кои пристигнуваат во Италија и Малта. Досега тој изнесуваше три милиони евра месечно. Исто така е засилена и операцијата „Посејдон“ во морето околу Грција.​ Европските лидери се согласија да ја зголемат помошта за Тунис, Египет, Судан, Мали и Нигер за подобро надгледување на границите, бреговите и пристаништата.

Сепак, многумина се согласуваат дека главно во спречувањето на оваа човечка трагедија е отстранувањето на причините на илегалната миграција и шверцот со луѓе. Повеќето од бродовите кои се организирани од шверцери на луѓе доаѓаат од Либија, Египет, Тунис и од Сирија. Од почетокот на годинава досега над 35 илјади баратели на азил и имигранти пристигнале во Европа, а над илјада и петстотини се удавиле во таквиот нивен обид.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG