На референдумот за Градскиот трговски центар што денеска се спроведе во Општина Центар не излегоа потребините 50 отсто од регистираните гласачи, за да успее референдумот.
Со ова секако сите треба да се гордееме. Нашата битка допрва почнува. Ова е директен чин со кој се враќа власта во рацете на граѓаните. Денес, јасно и гласно кажавме дека си ја сакаме културата и си ја почитуваме традицијата! Си го сакаме ГТЦ автентичен, модерен и онаков каков што го замислија неговите автори!.Граѓанска иницијатива „Го сакам ГТЦ.“
Државната изборна комисија информираше дека излезноста на референдумот за ГТЦ до 18 часот е 36, 29 проценти. Ова се податоци од 72, од вкупно 78 избирачки места, велат од ДИК.
Според податоците на МОСТ добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), на референдумот излегле 40,46 проценти од гласачите. Според обработените податоци од 91 процент од гласачките места, резултатите од гласањето се следни: 96,2 отсто гласале „ЗА“, а 3,8 отсто гласале „ПРОТИВ“ референдумското прашање.
Од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ на фејсбук објавија дека ГТЦ денеска освои најмногу гласови во историјата на Општина Центар, повеќе од било која политичка партија до сега.
„Со ова секако сите треба да се гордееме. Нашата битка допрва почнува. Ова е директен чин со кој се враќа власта во рацете на граѓаните. Денес, јасно и гласно кажавме дека си ја сакаме културата и си ја почитуваме традицијата! Си го сакаме ГТЦ автентичен, модерен и онаков каков што го замислија неговите автори!“, пишуваат од иницијативата „Го сакам ГТЦ.“
Над 95 проценти од оние што излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општина Центар.Андреј Жерновски, градоначланик на Општина Центар.
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на вечерашната прес-конференција најави дека битката продолжува.
„Сведоци сме на сценарио кои се повтори-притисоци на јавната администрација, префлање на гласачи од едно на друго место. Над 95 проценти од оние што излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општина Центар. За мене овој референдум е прв чекор на враќање на власта кон гласачите, јас како градоначалник се ќе направам ГТЦ да остане како што е“, рече Жерновски.
Според Жерновски на референдумот изглегле околу 40 проценти од вкупниот број на гласачи, а 95 проценти од нив се изјасниле деке не го признаваат барокот.
Прашањето на референдумот гласеше „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“
Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија. Вчера своето право на глас го искористија 38 затвореници и 7 болни и изнемоштени лица. Според законот, за да биде успешен референдумот половина од регистрираните гласачи треба да излезат на гласање, а половина од нив да гласаат потврдно на поставеното прашање.
Набљудувачите со забелешки за Избирачкиот список
Изјаснувањетого мониторираат 597 набљудувачи од кои четворица од ОБСЕ, 107 од МОСТ, 79 од Цивил, 181 од Граѓанското општество „8 Септември“, 70 од општина Центар, „Синергија“ од Штип со 156 набљудувачи и други.
Организациите што го мониторираа гласањето заклучуваат дека референдумот протече непречено и во демократска атмосфера со помал број на пријавени наводи за нерегуларности, како луѓе кои не можеле да се најдат на Избирачкиот список, јавно читање на имиња на гласачи, неправично искинати гласачки ливчиња,притисоци врз набљудувачи, луѓе со лични карти на адреса на која имаа само згради во изградба и слично.
Од граѓанската асоцијација МОСТ соопштуваат дека „фактот што Избирачкиот список се уште не е проверен и прочистен, како и податокот дека во општина Центар постојат адреси на кои се регистрирани по неколку десетици избирачи, може да остави простор за одредено ниво на сомнеж во резултатите за одѕивот на граѓаните.“
Невладината „Цивил“ имаше забелешка и за бојкотирањето на провладините медиуми во известувањето за референдумот.
Политичарите од власта го бојкотираа референдумот
Гласањето го бојкотираа и политичарите на власта. Од политичарите што живеат во Општина Центар, своето право на глас го искористија градоначалникот на општината АндрејЖерновски, претседателот на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски и поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој исто така живее во општината денеска беше на осветување на конаци во манастирот Јован Бигорски и досега не го искористи своето право на глас.Во Општина Центар живеат и поголем дел од министрите во владата и други државни функционери.