Достапни линкови

СДСМ: Медиумите под директна владина контрола


Ќе стане уште појасно зошто националниот сервис МРТВ пренесува информации што немаат врска со реалноста, како избираат новинари што работат во телевизијата и зошто тие новинари сервилно ја испорачуваат секоја нарачка на Груевски и власта, рече Зоран Заев, објавувајќи ја 24-та „бомба“.

Денеска го отвораме досието со кое ќе се види каква е поклопеноста на медиумите од власта, вака претседателот на СДСМ Зоран Заев ја најави денешната прес-конференција на која се пуштаа материјали, како што рече, поврзани со распоредувањето на кадри во Јавниот сервис и за тоа како се влијае врз сопствениците на Канал 5 и на Сител.

Ќе слушнете како кај министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска постои тефтерче со имиња на новинари – кадри за во Јавниот сервис,
Зоран заев, СДСМ.

Ќе слушнете како кај министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска постои тефтерче со имиња на новинари – кадри за во Јавниот сервис, го најави Заев разговорот во кој, како што вели, се слушаат гласовите на Јанкулоска и Груевски. Во разговорот се слуша како се договараат за тоа кои луѓе да бидат дописници на МРТВ од Атина и од Вашингтон.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00
Директен линк

Во друг телефонски разговор меѓу, како што рече Заев, Јанкулоска и Протоѓер, се слуша како двајцата разговарале за тоа дали МРТВ треба да се полни со кадри од општински комитети или капацитетни луѓе, при што се констатира дека институциите се веќе преполни.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00
Директен линк

Во друг сет телефонски разговори, вели Заев, се слуша како власта правела нарачки кај сопствениците на Канал 5 и на Сител. Од разговорот за кој тврди дека е меѓу Протоѓер и сопственикот на Канал 5 се слуша како Протоѓер инсистирал да не оди прилог со Денко Малески и анкета на Дневник која, како што рече Заев, не била по волја на власта.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00
Директен линк

Од друг телефонски разговор, за кој Заев тврди дека е меѓу Груевски и Јанакиески, се слуша како се инсистира Радио Гостивар да премине во рацете на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Заев тврди дека во еден телефонски разговор кој според него е меѓу главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас се слушало како се нарачува текст на насловната на весникот Вечер , текст за кој Заев тврди дека го напишал премиерот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00
Директен линк

Во третиот сет на разговори, како што велат од СДСМ, се слуша како сопственикот на Сител Горан Иванов лобира кај министерот Миле Јанакиески за повисока зграда за СПМ во Тафталиче. Јанакиески вели -за тоа луѓе ни се бунеа, а Иванов му одговара -абе батали луѓе, сакам убаво да си го направиме.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00
Директен линк

Потоа, како што велат од СДСМ, Јанакиески договара како да му помине тендер на Иванов во Кратово. Се слуша, велат од СДСМ, и како Латас договара свои бизниси на сметка на телевизијата и рекетира фирми и луѓе за свои цели. Во еден од разговорите, според Заев, директорот на УЈП Горан Трајковски му помага на Латас за неговата фирма Тотал која е во долгови, а Трајковски замижал и за работењето на фирма на Стојменов, велат од СДСМ. Во еден од разговорите, велат од СДСМ, се слуша како Латас ја сместува жена му на сметка на друг човек во претпријатието Гама за плата од 1.000 евра.

На почетокот на прес-конференцијата, Заев во името на СДСМ го осуди, како што рече, гнасниот чин против семејството на новинарот Борјан Јовановски и побара институциите да ги најдат нарачателите и сторителите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG