Расказите опфаќаат различни теми и мотиви. Секој е пишуван пооделно. Во конкретниот насловен расказ „Монахот што се плашеше од смртта“, покрај бележењето на различни историски периоди кои се поместени во него е и моето лично гледање на двојбата помеѓу духовното и земското, го затскривам сопствениот страв од смртта, но секако и желбата да гледам со очи на монах кој сепак е надвор од манастирскиот круг.
Лајош Зилахи во романот „Арарат“ вели дека човекот најчесто се плаши од две работи – едната е страв од животот, а другата страв од смртта. Стравот од смртта е добар затоа што тој страв води кон живот, додека стравот од животот не е онаа човекова добра карактеристика затоа што таа води кон смрт.Горан Василевски, писател.
Вака, Горан Василевски ја почнува сторијата за својата нова, трета по ред објава.
Говорејќи за нејзината содржина, за темите и секојдневните- несекојдневни ликови на ова издание ПНВ „Публикации“, авторот појаснува дека се двоумел најнапред на корицата да го издвои расказот „Слобода или смрт“ за кој вели дека го пишувал плачејќи, оти се сомнева дека е самиот достоен за делото и жртвата на јунаците од Мечкин Камен бидејќи во него, покрај неговите лични видувања, се претставени последните часови од таа трогателна битка и последните мигови од животот на војводата Питу Гули. Згора на тоа вели дека би ги издвоил и „Чекачи“, „Сенките на мостот“, „Живите гробови“, „Рибари“ и „Човекот со скинат чорап“ затоа што нив буквално ги пишувал во еден здив.
Пишувам од инспирација како и секој писател, но би сакал да потенцирам една работа дека јас не се кажувам за писател туку повеќе за пишувач зашто искрено, најискрено, зашто не сум лажно скромен, не можам да се токмам со големини од калибарот на еден Петре М. Андреевски, Славко Јаневски, Паскал Гилевски, Гане Тодоровски итн., да не ги набројувам.Горан Василевски, писател.
„Секој човек се соочува со одредени стравови. Ги имаме многу. Некои се скриени, некои отворени. Стравот од смртта е присутен во секого од нас. Лајош Зилахи во романот „Арарат“ вели дека човекот најчесто се плаши од две работи – едната е страв од животот, а другата страв од смртта. Стравот од смртта е добар затоа што тој страв води кон живот, додека стравот од животот не е онаа човекова добра карактеристика затоа што таа води кон смрт“, вели тој.
Василевски дополнува дека во другите раскази доминира љубовта, љубовта на мајката кон своето чедо, на таткото кој најнапред се откажал од својот син и знае да каже дека тој сопственото творештво го потпира на наталоженото животно искуство. Вели дека по професија е армиски офицер кого го зафатиле безмалку сите војни на просторот на некогашна Југославија, дека од 1991 преку 1999 до 2001 бил на граница, но сè уште не бил на некоја од мисиите во Авганистан. Од таму некако следствено му доаѓало врзувањето со историјата, а воедно потекнува од руралните делови на Македонија, од едно село во Поречието, па не крие дека ја љуби историската орнаментика која што е специфична за македонскиот народ и за традициите на другите религии кои живеат на ова наше тло.
„Пишувам од инспирација како и секој писател, но би сакал да потенцирам една работа дека јас не се кажувам за писател туку повеќе за пишувач зашто искрено, најискрено, зашто не сум лажно скромен, не можам да се токмам со големини од калибарот на еден Петре М. Андреевски, Славко Јаневски, Паскал Гилевски, Гане Тодоровски итн., да не ги набројувам“, вели Василевски.
Инаку, авторот не крие дека наскоро сака да си потврди дека може да напише и драма која според него е најтешкото литературно дело.
„Во моментов имам готова збирка поезија затоа што поезијата ми е она мое првично, ајде да го наречам така, пишувачко искажување. Пишувам и роман и се надевам дека ќе биде готов за едно две години, но предизвик ми е драмата. Не знам како ќе дојдам до неа, сè уште немам одбрано некоја соодветна тема, но ете тоа е она што навистина ме провоцира да го работам како литературен жанр“, вели Василевски.
Роден 1968 година во Постојна, Словенија, Горан Василевски досега ги објавил збирката поезија „Мандарина“ во 2008 и романот „Оревот“ пет години подоцна.