Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, денеска објави серија телефонски разговори меѓу високи државни функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од кои, според него, може да се види какви се манипулации и притисоци биле вршени за да биде „освоена“ општината. Според Жерновски, битката за Центар била особено жестока поради малверзациите со проектот Скопје 2014-та. Следуваат денеска објавените прислушувани разговори: