Достапни линкови

Власта не го гледа штрајкот, па СОНК излегува на протести


Штрајкот во училиштата продолжува, велат од СОНК, најавувајќи протести. На главниот протест в петок ќе му претходат протести на локално ниво кои ќе се одржат во среда.

Протести в петок во Скопје, најавуваат од СОНК, бидејќи, како што велат, во земјава не функционира социјалниот дијалог и нема интерес по демократски пат да се решаваат проблемите. На главниот протест ќе му претходат протести на локално ниво, односно на членството во другите поголеми градови кои ќе се одржат во среда.

Наша констатација е дека навистина имаме сѐ повеќе и повеќе поддршка од училиштата кои влегуваат во генерален штрајк, имаме сѐ повеќе поддршка од јавноста и мислам дека Министерствата за труд и социјала, за образовани и за култура навистина треба многу посериозно да пристапат кон овој генерален штрајк.
Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека штрајкот во училиштата продолжува. Тој нагласува дека не се согласуваат со барањето на Министерството за образование и наука најпрвин да се прекине штрајкот, па потоа да почнат преговори.

„Ценејќи дека тоа е противзаконски и противуставно да се условува правото на штрајк, да се прекине, па да се преговара и ги осуди ресорните министерства за труд и за социјална политика и за култура како воопшто незаинтересирани министерства за прашањата во нивните дејности“, вели тој.

Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК.
Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК.

Според Неделков, на генералниот штајк на СОНК му се приклучило училиште од Охрид, а имаат информација дека и две училишта од општина Карпош, едно во Кисела Вода и во некои други градови ќе ги поддржат.

А зошто, заради тоа што навистина образованието го претворивме во трчање по оценки, а не во знаење. Треба заеднички, гледам дека вие ни ја давате вашата поддршка да го надминеме и да го вратиме статусот на образованието таков каков што заслужува.
Душко Стојановски, наставник во гимназијата Орце Николов во Скопје.

„Наша констатација е дека навистина имаме сѐ повеќе и повеќе поддршка од училиштата кои влегуваат во генерален штрајк, имаме сѐ повеќе поддршка од јавноста и мислам дека Министерствата за труд и социјала, за образование и за култура навистина треба многу посериозно да пристапат кон овој генерален штрајк, бидејќи сите обврски што ги носи СОНК се едногласни. Значи со ваков игнорантски однос не гледам брза разрешница на оваа ситуација, освен добра волја и добра желба на социјалните партнери да седнат и да изнајдат соодветни прифатливи решенија за двете страни во интерес на државата , на децата, на родителите, на наставниците, за оваа работа што поскоро да се заврши“, вели Неделков.

Во меѓувреме учениците од гимназијата Орце Николов застанаа зад своите наставници кои штрајкуваат. Симболично им порачаа „И јас сум Орце Николов“. Еден од наставниците Душко Стојановски порача дека тие се чувствуваат ничкосани.

„А зошто, заради тоа што навистина образованието го претворивме во трчање по оценки, а не во знаење. Треба заеднички, гледам дека вие ни ја давате вашата поддршка да го надминеме и да го вратиме статусот на образованието таков каков што заслужува.“

Учениците од гимназијата „Орце Николов“ со поддршка за професорите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Поддршка на иницијативата, која беше покрената на социјалните мрежи им дадоа и некои ученици од поранешните генерации.

Во однос на екстерното тестирање, Неделков вели дека во оние училишта каде наставата се одвива непречено било спроведено, меѓутоа онаму каде се штрајкува некаде е делумно, а некаде воопшто не е.

„Многу различно, не може да се генерализира како е спроведено и колку е спроведено. Ние како синдикат во тој дел не заземаме никакви активности, никакво учество, тоа е обврска на работодавецот, на директорот заедно со Државниот испитен центар и тука ние немаме што да коментираме, ниту да правиме некаква сондажа во колкав број или во колкав процент е спроведено екстерното“, вели Неделков.

До Министерството за образование и наука испративме прашања за тоа како поминало спроведувањето на екстерното тестирање, но не добивме одговор.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG