Дел од станарите кои живеат во колективни станбени објекти уште на стартот на примената на Законот за домување побараа фирми што ќе управуваат и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за поквалитетно одржување на заедничкиот простор. Некои пак, поради меѓусебно несогласување или од за нив познати причини се уште грижата им ја препуштаат на куќните совети. Има и такви станари кои иако ангажирале фирма не се задоволни од нејзините услуги. Граѓаните кои живеат во семејни куќи речиси и не се запознаени дека постојат фирми.
Мислам дека ова е добар потег, зашто на некој начин ќе се воспостави ред во станарскиот сегмент. Ќе има ред во целиот концепт на живеење во објектот. Можеби овој проект треба да се надгради, но и сега оди во добра насока.Анкетиран граѓанин.
„Мислам дека не би требало да има управител туку совет на зграда.“
РСЕ: Знаете ли дека има фирми што работат тоа законски?
„Не сум запознаен.“
„Треба да има еден управител за да управува со куќата.“
„Мислам дека ова е добар потег, зашто на некој начин ќе се воспостави ред во станарскиот сегмент. Ќе има ред во целиот концепт на живеење во објектот. Можеби овој проект треба да се надгради, но и сега оди во добра насока и убеден сум дека за некоја година овој начин на управување со станбените објекти ќе ги даде очекуваните резултати“, велат запрашаните кумановци.
Засега граѓаните се задоволни, добиваме пофалби од тие каде што пружаме услуга. Минатата година покажа дека има заинтересирани граѓани, подобро се регулираат соседските односи каде што управува управител.Катерина Крстевска, маркетинг менаџер во фирми за управување со станарски објекти
Катерина Крстевска, маркетинг менаџер во една од кумановските фирми за управување со станарски објекти вели дека за сега тие се грижат за 50-ина.
„Нудиме основен пакет за хигиена, отстранување на дефектите во станбените објекти, сервис за чистење за што има голем интерес, во станови, дуќани, ресторани, приватни фирми. Засега граѓаните се задоволни, добиваме пофалби од тие каде што пружаме услуга. Минатата година покажа дека има заинтересирани граѓани, подобро се регулираат соседските односи каде што управува управител.“
Крстевска појаснува дека станарите редовно го плаќаат надоместокот за услуга, информирани се за условите и законските обврски.
Мартин Димитриевски е хаус мајстор во една од фирмите и вели дека два пати месечно поминува во станбените објекти, проверува дали има некакви дефекти кои веднаш ги отстранува, менува прегорени сијалици, искршени стакла на влезни врати. Но, и кога има повик од станарите интервенира во рок од 24 часа.
„За работна рака на хаус мајсторот не се наплаќа, туку само за потрошениот материјал, за сијалица, за брава или електронска брава. За тоа станарите добиваат известување со детален опис зошто треба да платат.“
За резервен фонд од секој стан се наплаќа по 50 денари, додека останатите трошоци како што е за влезно осветлување или одржување на лифтовите сметките се делат подеднакво.
Во Куманово последните години зголемена е бројката на нови колективни станбени објекти во кои главно живеат млади станари. Тие згради се и модерно уредени, а и побезбедни. Во зградите стари и по половина век најчесто станарите се пензионери, кои би требале да инвестираат за модернизирање на заедничкиот простор. Затоа и одложуваат ангажирање на управител. Тие најчесто велат дека не само влезовите туку и фасадите треба да се реновираат, а потоа да се ангажира фирма.