Достапни линкови

Претстои тешка година за бизнисот


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Бизнис заедницата очекува дека 2015 година ќе биде тешка, но дека и покрај тоа, македонските компании ќе се снајдат исто добро како лани.

Тешка година оптоварена со нови давачки ги очекува бизнисмените во Македонија. Од почетокот на годинава стартува и новата законска обврска со која околу 10 илјади мали фирми кои имаат промет над 16 илјади евра годишно стануваат ДДВ обврзници. Од Стопанската комора очекуваат дека 2015 година ќе биде тешка, но и покрај тоа, македонските компании исто ќе се снајдат добро исто како лани.

Оваа година ќе биде тешка, меѓутоа тргнувајќи од релевантните податоци кои покажуваат зголемување на индустриското производство, зголемување на вкупната надворешно трговска размена, како и зголемување на извозот, има охрабрувачки сигнали.
Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора.

„Оваа година ќе биде тешка, меѓутоа тргнувајќи од релевантните податоци кои покажуваат зголемување на индустриското производство, зголемување на вкупната надворешно трговска размена, како и зголемување на извозот, има охрабрувачки сигнали дека македонските компании навистина добро се снаоѓаат, но и добро ќе се снајдат и во претстојната година“, вели Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора.

Претседателот на Конфедерација на работодавачи Миле Бошков вели дека во земјава е сè потешко водењето бизнис и дека и годинава компаниите ќе мора да бидат креативни за да може да испливаат.

Новите обврски, новите трошоци во дел од трудовата легислатива ќе значат дека компаниите повторно ќе бидат изложени на нови трошоци.
Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.

„Бидејќи она што се случува во Македонија е честа промена на правната регулатива што значи дека не може да се планираат ни инвестициите, ни трошоците, ниту, пак, со сигурност може да се знае колкави ќе бидат тие и дали ќе бидат стабилни“, вели тој.

Од друга страна новите давачки кон државата само го отежнуваат и онака обременетиот бизнис, вели Бошков.

„Новите обврски, новите трошоци во дел од трудовата легислатива ќе значат дека компаниите повторно ќе бидат изложени на нови трошоци и дека едноставно начинот на кој ќе се води бизнис ќе зависи од умешноста и од капацитетите на самите менаџери“, вели Бошков.

Бизнисмените се надеваат дека законот за фискална дисциплина кој треба да стартува годинава ќе ја подобри наплатата во приватниот сектор. Но, додаваат дека стравуваат од негово селективно применување. Стопанствениците посочуваат дека оваа година ќе мора да се посвети сериозно внимание на зголемувањето на конкурентноста на македонските производи со што ќе се покрене економијата на среден рок, а со тоа ќе се зголеми и вработеноста.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG