Достапни линкови

Нема трага од трите исчезнати деца од Куманово


Петнаесетгодишниот Ренат Џељадини од Куманово исчезнал пред четири месеци.
Петнаесетгодишниот Ренат Џељадини од Куманово исчезнал пред четири месеци.

За четири години од Куманово се исчезнати три деца. Родителите немаат ни трага, ни глас од нив, но се надеваат дека се живи и дека ќе се вратат дома.

Ниту родителите, ниту полицијата немаат никакви информации каде се, дали се живи или не, трите исчезнати деца од Куманово. И едните и другите континуирано трагаат по нив, се уште без резултати. Петнаесетгодишниот Ренат Џељадини исчезнал пред четири месеци кога со родителите собирал пластичен отпад на депонијата Краста недалеку од Куманово, а Дане Мемеди и Мирсада Хељдовиќ од близина на нивните домови пред четири години.

Го чекаме детето, се надеваме дека ќе се јави. Имаме надеж дека полицијата ќе го најде и ќе го донесе. Секој ден плачеме,не ни јадеме, тагуваме по детето. Што да преземеме, чекаме од полиција што ќе ни каже.
Руфат Џељадини, татко на исчезнатиот Ренат.

„Го чекаме детето, се надеваме дека ќе се јави. Имаме надеж дека полицијата ќе го најде и ќе го донесе. Секој ден плачеме,не ни јадеме, тагуваме по детето. Што да преземеме, чекаме од полиција што ќе ни каже“, вели Руфат, таткото на Ренат Џељадини. Тој и неговата сопруга веруваат дека нивниот син е жив.

Macedonia - Sredorek, neighborhood of Kumanovo.
Macedonia - Sredorek, neighborhood of Kumanovo.

„Сакам детето да ми се јави,ништо друго. Не можам да спијам четири месеци, само плачам, тоа ми е, само едно. Го чував“, вели мајката на Ренат.

Фетија Мемеди, бабата на исчезнатиот Дане, вели дека веќе четири години немаат никакви информации. Таа знае дека освен нејзиниот внук има уште две деца кои исчезнале.

„Само Дане и едно девојче што ги грабнаа тогаш и сега едно големо дете од населбата Карпош. За други не знаеме.“

Како што раскажуваат жителите од Средорек освен Дане и Мирсада од локалитетот Бавчи, немало случаи мало дете да исчезне или некој да го грабне. За исчезнатите велат дека полицијата треба да им помогне на семејствата да бидат пронајдени децата. Тие вереуваат дека сите три исчезнати деца се живи.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG