Достапни линкови

Власта се меша во сите сфери на животот


Илустрација.
Илустрација.

Образование, здравство, култура, бизнис, спорт... Стручњаците се ставаат настрана, а главниот збор во речиси сите сфери од животот го имаат политичарите.

Надворешното тестирање, без разлика дали тоа се нарекува екстерно или државен испит е мешање во автономијата на Универзитетите, тврдат веќе подолго време и професори и студенти. Но, владата се чини е сè порешителна да ја спроведе таа идеја. Образованието е само една област за која се тврди дека е подложна на владино или какво било влијание од политичари, а не треба да биде.

Колку побрзо го намалиме влијанието на политичарите во сите сфери на животот, од спорт, култура, образование, музика, толку подобро.
Жидас Даскаловски, универзитетски професор.

Неодамна и на кошаркарскиот натпревар Работнички – МЗТ, првите луѓе на Општина Центар и на општина Аеродром, едниот од опозицијата другиот од власта, го имаа главниот збор.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Бизнисмените, пак, постојано се жалат дека владата им се меша и во релациите како приватни стопанственици, а една од таквите мерки што стапува во сила од први јануари е сите приватни фирми што ќе склучуваат договори на суми поголеми од 5.000 евра задолжително да мора да издаваат и задолжница.

Во моментот кога политиката се меша во здравство, образование, во култура, тоа значи дека го губи политичкиот терк и мислам дека тоа е голема загуба за општеството, бидејќи во моментот кога на сцена стапува политиката, немаме ни спорт, ни образование, ни здравство.
Арсим Синани, политички аналитичар.

Професор Жидас Даскаловски смета дека кај нас премногу влијание во многу области има политиката.

„Мислам дека доста големо влијание има политиката, што е доста голем проблем со оглед на тоа што предност во општеството треба да има бизнисот и самиот капитал и колку побрзо го намалиме влијанието на политичарите во сите сфери на животот, од спорт, култура, образование, музика, толку подобро. Значи, треба да работат експертски служби во владата, да спроведуваат закони и реформи, меѓутоа од тоа да не се прави политички капитал“, вели Даскаловски.

И според аналитичарот Арсим Синани, политичарите треба да се држат само до своите обврски, бидејќи кога се мешаат во други области нанесуваат сериозни штети.

„Во моментот кога политиката се меша во здравство, образование, во култура, тоа значи дека го губи политичкиот терк и мислам дека тоа е голема загуба за општеството, бидејќи во моментот кога на сцена стапува политиката, немаме ни спорт, ни образование, ни здравство“, вели Синани.

Некогаш и преку законски обврски дел од јавноста препознава обиди за мешање на политичарите во приватни и интимни работи. На критики наиде и обидот на премиерот при промоцијата на кампањата за здрав начин на живот пред неколку месеци лично и на долго им објаснува на граѓаните како треба да се хранат и колку треба да спортуваат. И најавата за воведување на вонбрачната заедница во Уставот беше окарактеризирана како обид за директно мешање на владата во приватните работи на граѓаните.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG