Достапни линкови

Втор протест на ЛГБТИ заедницата пред Обвинителство


ЛГБТИ заедницата повторно го блокираше Јавното обвинителство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

ЛГБТИ заедницата повторно го блокираше Јавното обвинителство

Луѓето од ЛГБТИ заедницата најавија дека ќе протестираат се додека не бидат пронајдени сторителите на сите напади врз ЛГБТИ заедницата.

Со „легнати трупови“ пред Јавното обвинителство ЛГБТИ активистите и нивните поддржувачи, втор пат протестираа поради неажурноста нa институциите да ги пронајдат напаѓачите кои го демолираа кафе барот „Дамар“. ЛГБТИ активистите порачаа дека протестите ќе продолжат, се додека инситуциите не се изјаснат.

Директорката на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска вели дека повторно протестираат пред Обвинителството, затоа што имаат информација дека полицијата поднела извештаи до Обвинителство. Минатиот месец на прославата на годишнината од отворањето на ЛГБТИ центарот, беше демолиран кафе барот „Дамар“, а неколку од присутните беа повредени. По претходниот протест Јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека не може да се очекува случајот да биде разрешен за еден месец и додаде дека не е запознаен колку напади има врз ЛГБТИ заедницата и кога се случиле.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG