Достапни линкови

Туристичките локалитети во козјачко-пчињскиот регион се уредуваат


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во посета на локалитетот Црквиште.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во посета на локалитетот Црквиште.

Кумановскиот регион изобилува со археолошки локалитети кои привлекуваат многу туристи. Дел од нив се реновираат, се мапираат, се уредуваат за да прераснат во вистински туристички атракции.

Културно-историските споменици, археолошките локалитети и природните богатства со кои изобилува Козјачко-пчињскиот регион полека се уредуваат за да заличат на вистински туристички атракции, кои и до сега беа посетувани од бројни домашни и странски туристи.

Поставени се многу функционални информативи табли со слики и табли за посетителите кои сами доаѓаат, а ќе се работи и на инфраструктурно уредување.
Елизабета Канчевска Милевска, министерка за култура.

Црквата Свети Ѓорѓи во селото Старо Нагоричане се реновира, се работи на просторот околу неа и испосницата на Прохор Пчињски, за да прерасне во манастирски комплекс со сите пропратни елементи. Во Мегалитската опсерваторија Татиќев камен, во атарот на селото Кокино, поставени се ознаки и испишани двојазични табли со информации за посетителите, а потоа се очекува надлежните во државава да обрнат внимание и на Костоперска карпа, на Манастирите Забел и Карпино, на геотермалниот извор во селото Стрновац. Интензивните археолошки истражувања на локалитетот Визианус или Црквиште и Градиште во близина на асфалтниот пат во Клечовце и Младо Нагоричане претендираат да бидат обележани на туристичката мапа.

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска при посетата на локалитетот Црквиште забележува дека се работи за многу важен наод.

И ќе гледаме самиот комплекс да го ставиме во туристички цели што ќе претставува економски бенефит за сите нас.
Анита Цветановска, директорката на Музејот во Куманово.

​„Тоа е откривање на римска бања која што се наоѓала под самата црква и се откриени две фази на градење на црквата, од 5-ти и 11-ти век. Ова откритие укажува на постоење на една римска населба важни за овој локалитет.“

Таа додаде дека стручните екипи од кумановскиот Музеј идната година ќе продолжат да го довршат истражувањето, на римската населба од вториот и третиот век, кој е во непосредна близина на Кокино.

„Поставени се многу функционални информативи табли со слики и табли за посетителите кои сами доаѓаат, а ќе се работи и на инфраструктурно уредување.“

Археологот Дејан Ѓорѓиевски за Црквиште појаснува дека се работи за голема градба која се протегала на 15-ина хектари и дека тоа не било обична станица.

„Се развил еден град со цивилизациски придобивки, затоа што не секое населено место во Рим имало бања. Ние се уште не знаеме дали се работи за градска бања или што е поинтересно за палата на некој богат римјанин. Бањата што следната година ќе ја изградиме е една од оние во Скупи, Стоби, Хераклеа, во Баргала во Струмица. Ние откривме една рано христијанска црква и веднаш под неа-бања.“

Според Ѓорѓиевски по конзервација и делумна реставрација, со концесионерите ќе се договара за адаптирање пат низ нивите, со минимални средства, а инаку тој се смета за пристапен, бидејќи е во близина на регионалниот пат за Бугарија, помеѓу два ресторана.

Директорката на Музејот во Куманово Анита Цветановска вели дека интензивно ќе се работи.

„И ќе гледаме самиот комплекс да го ставиме во туристички цели што ќе претставува економски бенефит за сите нас.“

И локалитетот Градиште исто така се смета за една културно-туристичка дестинација.

За посетителите на поминување низ Куманово ќе биде интересна и новата музејска поставка во куќата на првоборецот од НОБ Христијан Тодоровски Карпош, која идната година ќе биде уредена.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG