Достапни линкови

Не требаат многу, туку стручни полицајци


Илустрација.
Илустрација.

МВР прима нови 400 полицајци. Експертите предупредуваат дека тоа само дополнително ќе го оптовари буџетот. Нам ни треба мала, но стручна администрација и полиција, велат тие.

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе вработи 400 полицајци. Според огласот, кандидатите кои ќе ги исполнат бараните услови и кои ќе бидат избрани ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во рок од една година. Упатените велат дека тоа дополнително ќе ја оптовари администрацијата, а спорно за нив е тоа што не наведено каква функција ќе извршуваат новите полицајци.

Нам ни треба мала администрација со стручен кадар. Стручните луѓе може да ги извршуваат работите ефикасно и ефективно. Вие може да вработите 100 или 1000 нестручни луѓе, меѓутоа, со оглед на тоа што се нестручни и не ја познаваат работата, тие не може ништо да направат.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

Професор Темелко Ристевски вели дека генерално гледано не се потребни нови вработувања, бидејќи администрацијата е пренатрупана со нестручен кадар.

Илустрација.
Илустрација.

„Нам ни треба мала администрација со стручен кадар. Стручните луѓе може да ги извршуваат работите ефикасно и ефективно. Вие може да вработите 100 или 1000 нестручни луѓе, меѓутоа, со оглед на тоа што се нестручни и не ја познаваат работата, тие не може ништо да направат“, вели Ристевски.

Она што е рак рана на нашето општество е примањето на неедуцирани луѓе на места за кои требаат специфични знаење и тоа основата и столбот на кадровската политика која треба да ја води секое министерство за внатрешни работи.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Професорот Владимир Пивоваров вели дека од самиот конкурс не може да се види за какви позиции ќе бидат примени полицајците, односно каква стручна подготовка е потребна за новите кадри.

„Она што е рак рана на нашето општество е примањето на неедуцирани луѓе на места за кои требаат специфични знаење и тоа основата и столбот на кадровската политика која треба да ја води секое министерство за внатрешни работи. Проблемот е доколку за овие 400 места бидат примени лица со несоодветна школска спрема. Значи, не може да очекуваме од таквите лица ефикасна борба со криминалот кој се повеќе од ден на ден го стега нашето општество“, вели Пивоваров.

Според Ристовски, не може да се направи ефективна администрацијата со натрупување на кадар.

„Тоа не води никаде, само го оптоварува буџетот на државата и нормално влијае и на стандардот на граѓаните. Нели, она што непотребно оди за платите на големиот број на административни службеници може да оди и за нешто друго, за подигнување на општествениот стандард, за некои други цели“, вели Ристевски.

Во огласот е наведено дека кандидатите треба да исполнуваат општи услови, но и други посебни услови во однос на висината и телесната тежина и висока психичка и физичка подготвеност за извршување на полициски задачи. Министерството за внатрешни работи во изминатите две години вработи 700 полицајци.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG