Достапни линкови

Небезбедно и загадено – проблеми на велосипедистите во Скопје


Илустрација.
Илустрација.

Еден од главните проблеми во Скопје е окупацијата на јавниот простор од страна на автомобилите, но и од спорни одлуки за изградба на згради и објекти на јавни површини, велат еколозите.

Убавите пејзажи, рамните површини и добрата клима во Скопје се одлични предуслови за возење велосипед, но проблемите и пречките со кои се соочуваат велосипедистите се безбедноста, загадениот воздух, урбанизацијата и окупацијата јавниот простор од страна моторните возила.

Еден од главните проблеми во Скопје е окупацијата на јавниот простор и движењето на граѓаните. Најчесто гледаме илегална окупација на јавниот простор од страна на автомобилите и некои сомнителни или во најмала рака смешни одлуки за изградба на згради и објекти на јавни површини.
Никола Нешкоски, невладина организација Еко лоџик.

Ова се главните заклучоци на невладините организации и јавниот сектор кои денес дебатираа за велосипедизмот како нов концепт на урбан транспорт во Скопје. Тие се осврнаа на предлози и идеи кои траба обезбедат системски и одржливи решенија.

„Еден од главните проблеми во Скопје е окупацијата на јавниот простор и движењето на граѓаните. Најчесто гледаме илегална окупација на јавниот простор од страна на автомобилите и некои сомнителни или во најмала рака смешни одлуки за изградба на згради и објекти на јавни површини“, вели Никола Нешкоски од невладината Еко лоџик.

Град Скопје работи на дефинирање на три главни велосипедски рути кои се протегаат во насока исток – запад и уште шест рути во насока север – југ. Тие треба меѓусебно да бидат поврзани и за нивно реализирање во тек е изработка на проект за сообраќајна сигнализација.
Даниел Павлески, Сектор за сообраќај на Град Скопје.

Тој додава дека ситуација може да се реши преку стопирање на изградбата на дополнителна инфраструктура во градот и преку реалоцирање на просторот за немоторизиран транспорт.

„Тоа би значело дека една лента од моментално изградените булевари би можела да се отстапи за јавен и немоторизиран транспорт“, вели Нешкоски.

Бојан Ранташа, зборувајќи за велосипедскиот туризам во Скопје, потенцира дека градот има одличен потенцијал за велосипедски туризам, но, според него, туристите на велосипед често го заобиколуваат поради недостаток на информации, мапи и функционалност на велосипедските патеки.

„Туристите на велосипед не знаат каде одат! Македонија ја поминуваат со велосипед за најмногу два дена, целата земја. Скопје најчесто и го заобиколуваат, бидејќи не знаат што да видат и каде да отидат. Ретки се тие што однапред за нешто се информирани и останале три дена“, вели тој.

Претставниците од Секторот за сообраќај на Град Скопје рекоа дека работат на формирање на работни групи кои треба овозможат безбеден велосипедскиот сообраќај и услови за движење на велосипедистите на одвоени велосипедски рути со намалена интеракција со останатиот сообраќај.

„Град Скопје работи на дефинирање на три главни велосипедски рути кои се протегаат во насока исток – запад и уште шест рути во насока север – југ. Тие треба меѓусебно да бидат поврзани и за нивно реализирање во тек е изработка на проект за сообраќајна сигнализација. Тоа подразбира поставување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација. Во овој проект треба да бидат лоцирани сите пречки на овие велосипедски патеки и треба да се најдат решенија за нивно отстранување. За реализација на овие рути изработен е акционен план за велосипедски патеки 2014 – 2017 година“, вели Даниел Павлески од Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Податоците од Студијата за сообраќајниот систем на Град Скопје покажуваат дека од вкупно еден милион и сто илјади патувања дневно, ниски 1,4 отсто од патувањата се направени со велосипед, 34 отсто се направени со приватен превоз, односно автомобил, 30 отсто со јавен превоз и најмногу се пеш или скоро 35 отсто.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG