Достапни линкови

Обама - ИД мора да биде ослабната и на крајот уништена


Американскиот претседател Барак Обама во својот говор на Генералното собрание на ОН се осврна на милитантите од ИД, на кризата во Укриана и на нукеларните разговори со Иран.

Американскиот претседател Барак Обама во својот говор на Генералното собрание на ОН, го повика светот да им помогне на американските и на коалиционите сили да ги уништат милитантите од Исламската држава во Ирак и Сирија, нарекувајќи ги „мрежата на смртта“.

Исламската држава мора да биде ослабната и на крајот уништена.
Барак Обама, претседател на САД.

„Не може да има образложение, нема преговори со ова зло. Единствен јазик разбирлив за овие убијци е јазикот на силата“, изјави Обама.

За Исламската држава наведе дека е „канцер на насилниот екстремизам што опустоши многу делови на муслиманскиот свет“. Тој рече дека Исламската држава мора да биде „ослабната и на крајот уништена. Обама рече дека САД „не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот“ и отфрли „сите наводи за судир на цивилизациите“. Тој го повика светот, а особено муслиманските заедници, „јасно, енергично и доследно да ја отфрли“ идеологијата на Ал Каеда и Исламската држава.

Ако Русија тргне по тој пат, пат кој почнува во периодот по завршувањето на Студената војна и кој резултираше со просперитет за рускиот народ, тогаш ние ќе ги укинеме санкциите и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици.
Барак Обама, претседател на САД.

Американскиот претседател рече дека прекинот на огнот во Украина го отвора патот до мир, ако Русија се согласува со тоа. „Неодамнешниот договор за прекин на огнот во Украина овозможува да се постигне таа цел.

„Ако Русија тргне по тој пат, пат кој почнува во периодот по завршувањето на Студената војна и кој резултираше со просперитет за рускиот народ, тогаш ние ќе ги укинеме санкциите и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици“, рече Обама.

Тој оцени дека руските постапки во Украина се „предизвик“ за повоениот период. Обама исто така рече дека Русија распоредува војници преку границата, откако Украина „почна да ја враќа контролата врз својата територија. Според него, сите земји треба да ја преземат „одговорноста да ги почитуваат и спроведуваат меѓународните норми“. Американскиот претседател рече дека САД и нивните сојузници ќе му дадат поддршка на украинскиот народ „за развој на нивната демократија и економија“. американскиот претседател Барак Обама рече дека светот е „на крстопат меѓу војна и мир, меѓу нереди и интеграција, меѓу страв и надеж“.

Мојата порака до лидерите на Иран и до луѓето е едноставна и конзистентента. Не дозволувајте оваа можност да помине.
Барак Обама, претседател на САД.

На иранските лидери и на иранскиот народ Обама им порача дека може да се постигне решение за нуклеарната програма на Техеран што ќе ги задоволи енергетските потреби на Иран и ќе го увери светот дека нуклеарната програма е мирнодопска.

Обама го повика Иран да ги искористат предностите на тековните разговорите за нуклеарната програма за да се најде „дипломатска резолуција“ за излез од ќор-сокакот во кој зпаднаа разговорите со светските сили.

„Мојата порака до лидерите на Иран и до луѓето е едноставна и конзистентента. Не дозволувајте оваа можност да помине“, рече Обама.

Разговорите за нуклеарната програма меѓу Иран и шест светски сили се блокирани со месеци.

Велика Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија бараат Иран да ги намали нуклеарните активности, а Техеран негира дека се обидува да развие нуклеарно оружје.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG