Достапни линкови

Трето издание на Фестивалот на сценариото и сценаристите


Во организација на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“, на 26 и 27 јуни, во Културниот центар „Феникс“ во Скопје, ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест 2014“, манифестацијата чија основна заложба е да го надмине проблемот од недостаток на квалитетни сценарија и квалификувани сценаристи во земјава.

Со прикажување на повеќе краткометражни и документарни филмови, промоции на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи „Феникс“ и „Маска“, работилници и со врачување на наградите на годинешните добитници, на 25 и 26 јуни, во Културниот центар „Феникс“ во Скопје, во организација на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“, ќе се одржи третото издание на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“.
Во секој случај, ваков фестивал користи затоа што покажува еден наплив и важност на сценариото во филмот и денешниот културен живот, а колку притоа самото сценарио трпи, компромисира или се подведува под нешто, тоа е веќе друго прашање.
Александар Прокопиев, Институт за македонска литература.
Александар Прокопиев, писател.
Александар Прокопиев, писател.

Во пресрет на оваа културна манифестација, д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература, забележува дека кај нас, работата со сценариото е многу лабава. Тој вели дека режисерите како да се наоѓаат во оној прв стадиум од развојот на филмот кога сакаат да бидат сè и сешто – од продуценти, преку сценаристи до режисери. Токму и затоа, како што истакнува, и одлични режисери кај нас имаат сценарија кои и не се толку добри. Според него, сценариото станува сè повеќе и повеќе професија која што се учи, иако тука може да има и повеќе различни мислења – дали е тоа учење од оној американски тип кога се учат дијалозите или каде треба да расне напнатоста или е тоа еден внатрешен, покнижевен жанр кој зависи од некои подруги валери – на пример психолошки, односот на атмосферата итн., а како што знаеме ги има во арт-филмот.
Режисерите и авторите на филмовите и театарските претстави, многу често и самите се ставаат во улога на сценаристи, сметајќи дека никој друг и не може и не треба да пишува сценарио за нив.
Христо Петрески, писател.

„Во секој случај, ваков фестивал користи затоа што покажува еден наплив и важност на сценариото во филмот и денешниот културен живот, а колку притоа самото сценарио трпи, компромисира или се подведува под нешто, тоа е веќе друго прашање“, потенцира Прокопиев, кој е предвидено да говори на свеченото отворање на „Скрипт фест 2014“.

Потоа, ќе им бидат врачени и наградите на годинашните добитници: „Скрипт феникс“ на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк за истражување, развој и значајни остварувања во филмската култура; „Скрипт презент“ - на Сунчица Уневска од Утрински весник за долгогодишен критичарски придонес во филмската уметност и „Скрипт фест“ на авторот Кузман Клековски за неговиот постојан ангажман и придонес на планот на филмот. Покрај тоа, специјалното признание - наградата „Скрипт мост“ ќе му биде доделена на хрватскиот актер и режисер Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.

По ваквиот свечен чин, ќе започне и работниот дел на манифестацијата, па така м-р Ана Опачиќ од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк ќе одржи работилница на тема „Сценарио за филм“, додека следниот ден за „Филмското сценарио денес - помеѓу желбите и реалностите“, ќе говори проф. д-р Христо Петрески.

„Кај нас во Република Македонија имаме еден долгогодишен и евидентен проблем на овој план. Немаме творечка и креативна обнова. Нема доволно нови сценаристички имиња од една страна, иако постојат и Факултетот за драмски уметности и Универзитетот за аудио-визуелни ументости ЕСРА кои создаваат нови сценаристи, но тие не можат да се докажат и да се потврдат бидејќи нивните филмови и театарски претстави многу тешко се реализираат. А, од друга страна, пак, режисерите и авторите на филмовите и театарските претстави, многу често и самите се ставаат во улога на сценаристи, сметајќи дека никој друг и не може и не треба да пишува сценарио за нив“, вели тој.

Затоа, како што заклучува Петрески, овој проблем кој што постои подолго време тие се обидуваат да го ублажат и со одржувањето на „Скрипт фест“, бидејќи сметаат дека сценариото е мошне битна алка во овој процес на создавање филмови и театарски претстави и дека тоа е една специјалистичка работа која што треба да ја извршуваат школувани, образувани и способни сценаристи.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG