Достапни линкови

Бразил: Најголема мобилизација во поновата историја


Околу 100 илјади полицајци се анагажирани за обезбедување на градовите домаќини, а претседателката Дилма Русеф нареди распоредување и на 57 илјади војници, што е најголема мобилизација на бразилските сили во поновата историја.

Бразил, кој е често меѓу редот и хаосот, се надева дека Светското првенство во фудбал ќе биде безбедно за сите тимови и за сите посетители. Се очекуваат околу 2 милиона луѓе да допатуваат во земјата по повод Мундијалот.

Околу 100 илјади полицајци се анагажирани за обезбедување на градовите домаќини, а претседателката Дилма Русеф нареди распоредување и на 57 илјади војници, што е најголема мобилизација на бразилските сили во поновата историја.

Владата инвестира 850 милиони долари за безбедноста, како на 32-те репрезентации, учесници на Светското првенство, така и за можните улични
Brazil -- Football graffiti
Brazil -- Football graffiti
протести, но и воздушната безбедност.

"Секој дел од полицијата, војската и разузнавачките служби ќе работат заеднo, под интегрирана команда, со цел се да помине во најдобар ред", изјави генерал Џамил Мегид, кој е и владин советник.

На Бразил не му се непознати големи настани и собири. Рио Де Жанеиро, на пример, секоја година е домаќин на големиот карневал, на кој има околу милион посетители, но Мундијалот е посебен предизвик.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG