Достапни линкови

Џенифер Лопез го откажа учеството на отворањето во Сао Паоло


Џенифер Лопез нема да учествува на церемонијата на свеченото отворање на Светското првенство во Бразил, соопшти ФИФА. Лопез, која ја пее официјалната песна за овој Мундијал, заедно со раперот Питбул и бразилската пејачка Клаудија Лите, беше предвидено да пее заедно со другите изведувачи на отворањето во четврток во Сао Паоло. ФИФА соопшти дека и покрај тоа, свеченото отворање ќе биде спектакл, со главен акцент на најголемите атрибути на Бразил, природата, луѓето и фудбалот.
XS
SM
MD
LG